Разно

Чарлсе, изгоре ти кесе

До крајот на оваа година, карипските нации ќе поднесат формални барања до британското кралско семејство за исплаќање репарации за ропството благодарејќи на кое цела таа аристократска дружина со векови ужива во раскош. „Она што денес го поседува кралското семејство уште мириса на ропство,“ вели еден од оние кои бараат правда.

Јагленот е побрз од ветерот

Кина толку брзо гради нови капацитети за добивање енергија од јаглен што тоа ги прави бесмислени желбите на развиениот Запад за „енергетска транзиција.“ САД веќе утре да решат да ги изгасат сите свои термоцентрали на јаглен, новите кинески капацитети ќе го компензираат тој број и планетава ќе остане пата-пата.

Германија демонтира воздушни турбини за да копа јаглен

Една година откако им пропаднаа надежите дека енергетската дупка предизвикана со војната во Украина и санкциите кон Русија ќе ја покријат со течен гас од Канада, Германија ќе размонтира фарма со воздушни турбини за да се отвори место за површински коп на јаглен, и тоа лигнит.

Орвелијанско киднапирање на „транспарентноста“

Транспарентноста со децении беше концепт кој им даваше моќ на медиумите и граѓаните да имаат увид како фунционира власта и каде се трошат парите од даноците. Под влијание од моќни институции и ликови како што е Клаус Шваб, концептот денес значи нешто сосема обратно: граѓаните да се помират со тоа дека немаат приватност, односно дека нема бегање од тоа да им бидат „транспарентни“ на властите.

 

Во лукративниот свет на факт-чекерите

Мета и Закерберг упорно ја одбиваат одговорноста околу цензурата на Фејсбук тврдејќи дека за содржините одговара независна и непристрасна мрежа на проверувачи на факти кои работат по строго утврдени принципи и правила. Освен кога не работат така. И освен кога не добиваат дикретно пари од Мета.

Маск ќе умре од труење пред да стигне на Марс

Сопственикот на Тесла, Икс, СпејсИкс, Старлинк... има кажано дека сака да биде првиот човек кој ќе умре на Марс. Научничка од НАСА со долгогодишно искуство, му порача на Илон Маск дека ако тргне во таква самоубиствена мисија, ќе умре и пред да стигне на Црвената планета.

Германија го враќа кодошењето од времето на Штази

Според новиот зaкон за заштита на свиркачи, секоја германска фирма која има барем 50 вработени, ќе мора да одвои канцеларија во која вработените, без страв од реперкусии по работното место, ќе можат да пријавуваат сè што им е сомнително во нивната фирма или кај колегите. Ќе може да се пријави и ако некој промрчил нешто за уставот.

Што пол си оваа сезона?

Германската влада подготвува нов закон за родово самоопределување по кој за промена на полот нема да бидат потребни никакви услови како што е мислење од психијатар, хормонска терапија и сл. Доволно е државата да ја известиш што си одбрал. Тоа ќе може да се прави еднаш годишно, колку ти душа сака. Ротирањето може да се почне уште на 14 годишна возраст, без дозвола од родителите. 

Илон Маск им објави војна на соросоидите

Сопственикот на Твитер најави тужба против фондацијата на Сорос и невладини организации финансирани од неа заради обиди за гушење на слободата на говорот, која обично ја маскирааат како борба против говорот на омраза. Има и кај нас локални пандани, но, наместо да ги тужиме, ние решивме те да ги жалиме, те да им се смееме.

Насоки за секс за вселенски туристи

Секако дека идните вселенски туристи ќе имаат секс во вселената и тоа главно не е проблем, но што и да прават треба да гледаат да не затруднат во вселената, се порачува во истражување направено баш на оваа тема.

Талибанците држат лекции за борба против дрогите

Талибанците успеаа драстично да го намалат произдводстовото на опиум и хероин и нивниот успех се смета за најголем во историјата на борбата против дрогата. Но, се поставува прашањето, ако овие со стапови успеаа да ги исчистат афионските полиња, шо правеа Американците таму 20 години? 

Признај Британијо, нели си Велика?

Кога голема британска нафтна компанија беше национализирана во Иран, Лондон веднаш почна да работи на рушење на демократски избраната влада. Малку ги почекаа Американците за потоа заедно да ја убијат демократијата во Иран. Од тогаш минаа 70 години и Англичаните уште се прават енглези.

Недвижнини на денот: Мариупол

Руси навалија да купуваат плацеви во Мариупол, град на Азовското море кој темелно беше уништен во исцрпувачките битки за него а Москва го користи како пример за рекордна обнова и враќање на животото во нормала. Купувачите имаат разбирлива логика: да се купи сега кога е евтино а обновата да ја дигне вредноста на инвестицијата.  

На Запад нешто е ротен, вели Џони Лидон

Таткото на панкот и фронтмен на Секс Пистолс, Џони Лидон (екс Џони Ротен), запука по денешните либерали затоа што проповедаат масовни миграции и уништување на работничката класа, во име на некаков модерен елитизам. „Викаат црнци на вечера само затоа се црнци и само затоа што сега тоа е фенси,“ вели Џони за снобовите кои се нарекуваат прогресивци.

Италијанската битка против масовниот туризам

Освен ако не заработувате од нив, нема никаква причина да ви бидат симпатични туристите, таа безумна орда која талка по улици, зјапа по фасади и прави селфија. Италија почна да презема мерки со многу разбирливи причини: Венеција, на пример, ја посетуваат 100 пати повеќе луѓе отколку што има домородци.

Фабрикуваниот консензус за климата ја уби дебатата

Климатски научник вели дека фамозниот „консензус околу човековиот учинок за климатските промени“ е фабрициран и дека на многу инволвирани истражувачи им одговара ширење на паниката, и во поглед на медиумската слава и во поглед на финансирањето на проектите. Го знае тоа таа бидејќи и самата била една од нив.

Митот за „слободниот пазар“ и најголемиот грабеж во историјата

Џон Дилинџер важи за еден од најпознатите пљачкаши во историјата а има украдено, во денешна вредност - седум милиони долари. Ако некој има извршено седум милиони грабежи и во секој од тие седум милиони грабежи има украдено по седум милиони долари, би немало човек на земјава кој не би го познавал, така? 

Хирошима и Нагасаки за Америка беа тестови

Кога Соединетите Американски Држави кон крајот на Втората светска војна решија да бидат првата (и засега последна) држава која ќе фрли атомски бомби врз градови, инстантно или нешто подоцна загинаа 200.000 луѓе. Oфицијален Вашингтон со децении тие две геноцидни злосторства ги водеше како нуклеарни тестови.

Бајденови за почетници

И ние и други на ангро имаме пишувано за апла матните зделки на Џо Бајден и неговиот син Хантер со Украина. Како што бива и во други слични случаи, кога една тема ќе се наполни со детали, можеби се чини прекомплицирана и тешко да се раскаже. А не е така.

Не дозволувајте Украина да влезе во НАТО

Цената што НАТО ќе треба да ја плати за проширување на Алијансата е далеку поголема отколку користа што ќе ја има, предупредуваат двајцата автори од Като институтот во текстот за Форин полиси.

Америка вечна да е

Речиси половина од чешмите во Америка, и од јавни водоводи и од приватни бунари даваат вода која содржи тн. вечни хемикалии кои се осомничени за сериозни здравствени белји. Овие хемикалии ги има насекаде, од тавчиња до облека, па беше само прашање на време кога ќе се пробијат до водените залихи. И Европа е иста приказна, освен ние, кај што не ни се мери тоа.   

Властите знаеле дека самоубиствата ќе однесат повеќе деца отколку ковидот

Кабинетот на Борис Џонсон и неговите министри навреме биле предупредени да не ги затвораат училиштата поради ковидот бидејќи ако ги затворат „повеќе деца ќе настрадаат од самоубиства отколку од коронавирусот.“ Знаете што се случи.

Женските затвори во Америка се полнат со мажи

Во некои американски држави, доволно е да кажеш дека се чувствуваш како жена за да ти бие обезбеден престој во женски затвор. Една таква „жена“ оплоди две затворенички, го тргнаа од таму ама пак се обидува да се врати. На некои од овие им текнува дека се жени дури откако ќе бидат осудени на затворска казна.  

Што е повечно: парите или хемикалиите?

Американскот хемиски гигант 3М на врат имаше илјадници судски тужби од граѓани, градови и наеелени места дека им ги трујат водите и почвата со таканаречените вечни хемикалии. Решија да ги замолчат со 10,3 милијарди долари. Патем, великодушно им ветија и дека веќе нема да ги трујат. Добро, не баш одма.