Во интервју со американскиот државен секретар Марко Рубио, Маргарет Бренан од CBS го обвини потпретседателот Венс (поради жестоко критичниот говор во Минхен, види: Ако ние ја преживеавме Грета Тунберг, вие ќе го преживеете Илон Маск) дека не ги научил лекциите од историјата.
„Тој се наоѓаше во земја каде што слободата на говор беше злоупотребена (weaponized) за геноцид“, рече Бренан, мислејќи на Германија под Хитлер.
Со други зборови, слободниот говор доведе до нацисти и гасни комори.
Рубио веднаш и резолутно го одби ваквиот наратив:
„Морам да не се согласам. Слободниот говор не беше употребен за да се спроведе геноцид. Геноцидот беше спроведен од авторитарен нацистички режим, кој беше геноциден затоа што ги мразеа Евреите и ги мразеа малцинствата и имаа списоци на луѓе што ги мразат, но првенствено Евреите. Немаше слободен говор во нацистичка Германија. Никаков. Во нацистичка Германија, исто така, немаше ни опозиција. Тие беа единствената партија која управуваше со таа земја. Така што тоа не е точно историско толкување“.
Бренан не е осамена во аргументот „слобода на говор еднакво Хитлер“.
Душманите на слободата на говорот ги гледаат нацистите како адут што може да се потегне против секој што се залага за слободен говор. Ако германската држава била подготвена да ја цензурира нацистичката пропаганда или да имало закони за забрана за говор на омраза, ќе се избегнеа најлошите злосторства во историјата на човештвото, резонираат тие.
„Ова е суштинско превртување на историјата наопачки“, пишува Фрејзер Мајерс и потсетува: „Пред да дојдат на власт, нацистите и нивните идеи беа редовно цензурирани. Антисемитизмот и „навредувањето на верските заедници“ беа дела за кои се одеше в затвор во Вајмарска Германија. Водечките нацисти, вклучително и Гебелс, Фрич и Штрајхер, беа обвинети за кршење на овие закони.
Штрајхер беше затворан двапати. Уредниците на нацистичкиот весник Der Stürmer беа изведени пред суд во најмалку во 36 наврати. Сè на сè, имаше повеќе од 200 гонење на антисемитски говор во 15-те години пред да дојде Хитлер на власт. Тоа им овозможи на водечките нацисти да се претставуваат како маченици, како замолчени откривачи на вистината. Секој чин на цензура може да се претвори во пропагандна победа“.
Говорот што се криминализира може да варира од експлицитно крајно десничарски и расистички ставови до банално меме или навреда на политичар. Кога градски сенатор во Хамбург беше фатен како ги крши правилата за социјално дистанцирање за време на пандемијата, изнервиран локалец на Твитер напиша: „Ти си баш пенис“. Три месеци подоцна, шест полицајци му упаднаа дома за да му ги пленат електронски уреди.
Само еден политичар, германскиот заменик-канцелар Роберт Хабек, има поднесено преку 800 пријави за клевета. Неговата зелена колешка од владата, Аналена Бербок, има поднесено 453 тужби.
Имаме пишувано за ова во: