Тековната кампања поставена од Џо Бајден, исто така со извршна наредба, имаше за цел да ја елиминира употребата на пластичен прибор за еднократна употреба, вклучително и сламки, во државните служби и агенции до 2027-ма (на настани и пакување) односно 2035-та година (целосно).
Кога беа објавени целите на Бајден, Белата куќа соопшти дека пластиката ги гуши океаните, ја загадува околината и го труе воздухот во близина на производствените капацитети со што го загрозува јавното здравје.
Точно е дека микропластиката стана сеприсутна во околината а човечката изложеност на неа е поврзана со развојот на мозокот и проблемите со репродуктивниот развој.
Најпроблематични се синтетичките хемикалии ПФАС, кои се нарекуваат и „вечни хемикалии“ поради нивната долготрајност. Меѓутоа, ПФАС не само што има и во хартиените сламки, туку во нив ги има и повеќе отколку во нивните пластични верзии (види: Оние неподносливите цевки се и штетни).
За време на еден митинг во 2020 година, Трамп кажа:
„Сте пиеле од тие хартиените? Па ти се распаѓаат додека пиете. А ако имате убава вратоврска како мојата, немате друг избор освен со сламка!“
Тие години Трамп имаше продадено илјадници брендирани пластични сламки онлајн, нарекувајќи ги алтернатива на „либералните“ хартиени сламки. Ги продаваше по 15 долари за комплет од 10 сламки.
Види и:
Европа во себе има нешто вечно: хемикалии
Што е повечно: парите или хемикалиите?