Кенеди во несмасен поход против смартфони во училниците

Мнозинството Американци се согласуваат со министерот за одбрана Роберт Кенеди дека на смартфоните не им е местото во училниците. Експертите ги прифаќаат мислењата дека телефоните им го одвлекуваат вниманието на децата, но се најдоа погодени од објаснувањето на министерот дека зрачењето од мобилните телефони ги оштетува мозочните клетки и предизвикува канцер.

Министерот за здравство Роберт Кенеди Јуниор ја поддржа забраната на користење смартфони во американските училишта, за што доби поддршка од родителите, но и критики од експертите.

Ставот на Американците за ова прашање е кристално јасен. Истражување спроведено од Центарот Пју во 2024 година покажува дека 68% од возрасните Американци би им забраниле на децата да ги имаат смартфоните при рака во училниците. Секој трет од 5.110 испитаници бил за целодневна забрана на користење смартфони во училиште.

Многумина експерти се согласуваат со тврдењата дека пристапот до содржини на интернет може повеќе да им го одвлекува вниманието на учениците отколку што ќе им помогне да ги совладуваат материјалот.

Спорни се причините што ги спомна Кенеди кога ја поддржа забраната.

Мобилните телефони предизвикуваат електромагнетна радијација, за која е потврдено дека е штетна и предизвикува нервни нарушувања кај децата кога е покрај нив секој ден, ги оштетува клетките, па може да предизвика дури и канцер, изјави Кенеди.

Обемна студија спроведена од Светската здравствена организација во ноември и 2023 година покажува дека изложувањето на радиофреквентното поле од мобилните телефони „веројатно не го зголемува ризикот од канцер на мозокот“. Дури и Националните институции за здравство (НИХ), кои се под надзор на министерот Кенеди, потврдуваат: „сите досегашни докази укажуваат дека мобилните телефони не предизвикуваат мозочен ниту каков било друг канцер кај луѓето“.

Радио-фреквенциите се во опсегот на нејонизирачкиот спектар, кој има ниска фреквенција и ниска енергија, која е преслаба за да предизвика штета врз ДНК и не ги менува гените што го зголемуваат ризикот од рак, наведува НИХ.

Никој од светот на науката не го отфрли тврдењето на Кенеди дека прекумерниот пристап до социјални медиуми се поврзува со случаи на депресија и кај адолесценти и кај зрели луѓе.

Девет сојузни држави во САД усвоиле мерки за целосна или делумна забрана на користење мобилни телефони во училиште - Арканзас, Калифорнија, Флорида, Индијана, Луизијана, Минесота, Охајо, Јужна Каролина и Вирџинија.

25 март 2025 - 20:19