Разно

Италијанската планина мермер од 1 милијарда долари

Карара мермерот е еден од најпрестижните мермери во светот, и низ историјата е користен за проекти како Пантеон во Рим или Давид на Микеланџело, кој наводно лично го има бирано мермерот во еден од каменоломите околу градот Карара.

Вест од културата која звучи како да е од друга планета

Глумец ја напуштил својата театарска куќа заради еколошка контроверзност на новиот спонзор. Уште ова: актерот има Оскар, театарот го носи името на Шекспир а спонзорот не е Пуцко туку Бритиш Петрол.  

Ако стане прежешко, ќе се пукаме

Кога температурата на Земјата ќе достигне 2 целзиусова степена повеќе од просечните температури во пред-индустриската ера, климата ќе почне д игра зголемена улога во воените конфликти шриум планетата.

Мобилните го намалија криминалот?

Општонародни се муабетите како мобилните телефони ни го уништиле животот и го разориле ткивото на општеството, од дезориентирани родители до исчашени демократии. Но, можеби има нешто за кое треба да им се каже фала. Помалку се гине од маалски бандити.

Затвореници ќе го берат англиското овошје после брегзит

Се очекува британските овоштарници и плантажи да останат без потребните сезонски работници кога заради брегзит ќе заминат аргатите од ЕУ. Решение за проблемот се гледа во затворениците. Дека не мора затворот да се лежи.

Никако да ја остават Меркел да се пензионира на раат

Иако планот беше постепен фејд-аут на Ангела Меркел до крајот на нејзиниот мандат во 2021, по ЕУ изборите станува се поверојатно дека наследничката на Меркел нема да стане наследничка на Меркел.

Малезија почна да му го враќа ѓубрето на Запад

Државата го потсети развиениот свет дека за ѓубрето од кое сака да се отараси постојат меѓународни правила и дека не може да им прошверцува баш секакво ѓубре. За почеток, ѝ враќа пет контејнери на Шпанија.

Ники Лауда, Ф1 бунтовник на свој начин

Лауда не беше автомат без емоции, туку решителен конкурент на кој многу малку му значеа мислењата на другите.

Кокаин можело и по пошта

ФБИ разбиле регионален ланец дилери и заплениле килограми и килограми кокаин (и други масла од канабис), благодарејќи на незадоволни корисници. Кога се заинтересирале за ова корисничко незадоволство, агентите откриле дека робата оди по најрегуларен поштански ланец.

Харвард во историја се нема вака срозано

Смениле декан затоа што на студентите не им се бендисувало што професоров, во својство на адвокат, решил да биде во тимот за одбрана во судскиот процес против Харви Вајнстин. Не им се бендисувало на студентите! Озбилно.

Војната во прегратка на либералите

Лекцијата што американските интервенционисти ја научија од војната во Ирак е: присвој ја дебатата. Па така, денес сите се за промена на режими, пишува Мат Таиби во Ролинг стоун.

Како го прават тоа Американците

Една белешка од студијата „Историја на американското мировно движење“, од Дејвид Адамс, 1985 година.

На Англичани не можеш да им угодиш па макар стигнале и до финале на Лига на шампиони

Како така и Ливерпул и Тотенхем се во финале на ЛШ и ќе играат во Мадрид (наспроти општите очекувања), но тоа не ги спречува англиските навивачи да продолжат да кенкаат.

Џо Бајден е Хилари Клинтон на 2020-та

Само што ја официјализираше својата номинација Бајден беше пречекан од бараж критики и негодувања од луѓето што треба да се на негова страна. Главно, проблемот е што човекот им е премногу општ, премногу веќе видено и има премногу багаж натоварен низ цела негова кариера.

Јемен е доказ дека во очите на Западот не сите Нотрдами се создадени еднакви

Пред некое време целиот свет во живо следеше како се урива дел од францускиот национален идентитет и меѓународниот симбол за Париз. Глетка која со право предизвика сожалување кај светската јавност. По некое време, истата оваа јавност се сврте околу себе.

Папата, пред да дојде во Македонија: Не оговарајте

Франциско комотно можеше таа порака да ја сочува за македонската публика но ја искористи за неговата публика од бербери, фризери и стилисти. Да не потпаѓаат под искушенијата на озборувањето.

Попис на лоши џандари

USA TODAY ископа и објави имиња и досиеја на 85.000 полицајци кои ја злоупотребувале значката па тепале луѓе, дилале дрога, малтретирале по дома, возеле пијани. А ги има околу 750.000.

Фармацијата си лечи рани со милионски облоги

Првата голема американска фармацевтска компанија обвинета за преплавување на пазарот со опоиди се откажа од судското докажување на својата невиност. Ќе платат 20 милиони долари за да не одат во затвор и под катанец. Оптимистите очекуваат домино - ефект.

Една вест за да дојдеме до еден спот

Тројца тинејџери кандисале 88 годишен екс-сенатор да се пријави во претседателската трка а тие да му ја водат кампањата. Прашан дали има шанси навистина да стане претседател на САД, стариот разумно рекол: Сачувај Боже.

Ирак забранува Фортнајт, лошо влијаел на младите

Масовните убиства и терористички напади, крвавите пресметките по верска и друга линија, присилната милитаризација на децата, корупцијата... сè се тоа теми кои можат да бидат оставени за другпат. Земјата си ги знае проритетите. 

Европските шпиони учеле школо од јужноамериканските диктатори

Генерацијата диктатори од латинска Америка од 1970-те биле примерот по кој британските, западногерманските и француските разузнавачки служби сакале да се борат со левичарските „субверзии“, покажуваат нови документи објавени од ЦИА.

100 години од британскиот масакр на стотици Индијци

Во Индија настанот е познат како Џалиaвала баг масакрот, во кој британските колонијални сили отвораат оган на стотици невооружени жени, деца и мажи. Британија до ден денес и се нема извинето на Индија за масакрот.

Како Европа научи да се плаши од Кина

Не така одамна Европејците го игнорираа подемот на Пекинг. Но серијата купени европски индустриски гиганти, напливот на кинески богаташи, и политичката снага што Кина почна да ја покажува, многу смени кај самозаљубените европски владетели.

Пит Бутиџеџ, млад геј политичар на поинаков начин

„Откако Лејди Гага ја испеа „Shallow“, сме немале ваков ѕвездата-е-родена момент,“ признава еден Републиканец кој пишува за Њуорк Тајмс. А зборува за до вчера непознат Демократ кој е новата ѕвезда на американската политичка арена а кој, патем, е млад и е геј. Само што не е млад и не е геј на вообичаен начин.