Разно

САД ќе тестираат како ќе ги биде без GPS

Пoтпирањето на навигациските сателитски констелации е клучно за многу индустрии како и за нaционалната и економска сигурност на државата. А нивните сигнали е релативно лесно да се пореметат.

Путин уште му чува грб на Сталин

Во целото туркање меѓу Западот и Русија, Европскиот парламент минатата година донесе резолуција која ги изедначува нацистичка Германија и Советскиот сојуз како одговорни за почетокот на Втората светска војна, истиот Советски сојуз што имаше над 27 милиони жртви во војната против Нацистите, меѓу нив и братот што рускиот претседател никогаш не го запознал.

Сорос би сакал да го тргне Закерберг од Фејсбук

„На Марк Закерберг не треба да му се дозволи да го води Фејсбук!“ изјави милијардерот по одлуката на Фејсбук дека нема да се меша во содржината на политичките реклами. Сорос стравува дека со слободно пуштање политички пораки, Трамп купува нови 4 години во Белата куќа.

Укината затворската казна на маж што си го укинал полот

Маж осуден за повеќекратно сексуално малтретирање нема да ја отслужи целата казна што требаше да ја одлежи, откако реши да се идентификува како жена, и номинално и хормонално.

Загарот од Хаунзлоу, Британецот што собори американска берза

Навиндер Сарао е човекот кој во 2010 помогна за крахот на берзата во Чикаго во која беа изгубени околу 1.000 милијарди долари, и сето тоа од дистанца од речиси 6.500 километри, од својата детска соба во лондонски Хаунзлов.

Побрзо од вирусот се шират само гласините за вирусот

Тоа што многу малку знаеме за коронавирусот (меѓу лекарите познат како 2019-nCoV) и начинот на кој се шири, не е причина „зналците“ од цел свет да не ги откриваат заверите кои стојат за него. Последната теорија за која чувме е дека вирусот намерно го пуштиле Кинезите за да ги смират протестите во Хонг Конг. Во продолжение, трите најчести конспирации кои се мотаат по интернет и како се тие склопени.

Што ќе се случи на 31-ви јануари, Брегзит денот?

Во 23 часот во петок Британија и официјално (сега веќе без можност за одложување) ја напушта Европската унија. За разлика од 1-ви јануари 1973, овој пат ќе нема никаква свеченост за обележување на моментот.

Американскиот сон полесно се остварува во Канада

Прво за оние кои ги занимаат само локални аспекти. Македонија ја нема меѓу 82-те држави на кои им бил мерен индексот за општествена подвижност, индикатор кој покажува колку некаде можат да се надминат класните и други бариери за да се напредува во животот. Луѓето надвор знаат дека овде уште е на сила Рациновиот „Бенџамин Батон закон за социјална мобилност“ кој гласи: „Роди се човек - скот умри“. 

Погодете колку е казна за фрлен пикавец од кола во Австралија

Изгорена од долготрајните пожари кои им направија триста бељи и на луѓето и на животните, Австралија на секој можен начин се обидува да превенира идни случаи. Возачите во Нов Јужен Велс кои ќе бидат фатени да фрлат пикавец од кола, ќе треба да jа продадат колата или на некој друг начин да дојдат до 11.000 долари за да ја платат казната.  

Лажовноста на изборните мапи и криминалот на нивно кроење

Анализата на Фајненшл тајмс е како кроењето на гласачките единици ќе ги реши изборите во САД. Кај нас не мора теоретски да се анализира затоа што во пракса знаеме како Скопје заврши двојазично после еден хируршки зафат од пред 15-на години познат како Закон за територијална поделба.

Австралија го загади воздухот повеќе од 100 држави

Од пожарите во Австралија во атмосферата отишле 400 милиони метрички тони јагледод диоксид, Тоа е девет пати повеќе од рекордните пожари во Калифорнија во 2018 и е еквивалентно на волуменот кој го испуштаат 116 држави од долниот дел на светската листа.

2010-тите беа најдобрата деценија во историјата на човештвото

Загњурени во медиумските наслови и хистериите по социјалните мрежи, тешко дека ќе дојдете до таков заклучок. Но ако сликата се одзумира и географски и временски, и ако баталите како е личното чувство (е, тоа е проблемот), постојат барем 8 причини зошто деценијата која ја испративме беше најдобрата на сите времиња

МОК не е на чисто како функционираат протести

На неколку месеци пред почетокот на Олимпијадата во Токио, Меѓународниот Олимписки Комитет објави какви сè видови на протест ќе им бидат забранети на спортистите за време на Олимпијадата, нешто што само по себе е спротивно на концептот на протест.

Уште колку долго ќе може да се живее во Австралија?

Соочени со иднина која сигурно им носи пожари, суши и надојдени океани, Австралијанците ќе мора да ја решат дилемата дали да се повлечат додека е време или да останат и да се борат.

Што значи да се интегрираш во Германија?

Група Балканци во Берлин научија некои од суптилностите на тамошните правила: можеш да правиш скара во парк ама тоа што го правиш да го собира во чинија. Значи, цело јагне - не.

Да се пазиме од полицајците на нашите мисли

Некогаш цензори одлучуваа што може да се издаде како книга а што не. Денес постои истата функција, само што цензорите сега се викаат „чувствителни читатели“ кои оценуваат дали јазикот на авторот ќе навреди некоја од идентитетските снегулки. Башка проблемот со роботите кои - мислите случајно? - се прават главно од бела пластика!

Војна пошта: Арктик

И Русија има свои „добри практики“ а оваа потекнува уште од царистичките времиња: дисидентите и политички непријатните поединци да се испраќаат на далечен север за да им се олади малку главата.

Како да извадиш некоја пара од пари?

Во Венецуела монструозната хиперинфлација толку ја има обезвреднето домашната валута што парите не вредат ни пет пари ако не смислиш што да правиш со нив. На пример, ракотворби.

Можно ли е да ги утнавме и дрвјата што ги садиме?

Дефиницијата на О.Н за шума е површина поголема од половина хектар (5.000 метри квадратни) посадена со дрвја високи над 5 метри, од која минимум 10% е под крошни. Oва е стандардот што сите го бркаат кога сакаат да се покажат дека работат на пошумување, проблемот е што за дел од експертите ова е премногу анемична дефиниција за тоа што претставува шума.

Закон за забрана на дискриминација поради пуцвал

Меѓу црните американски жени пеглањето на косата отсекогаш бил еден од најпопуларните фризерски третмани. Кој во афро-фризурата гледа премногу „црно“, во иднина ќе биде законски казнуван. 

САД признаа пораз од Северен тек 2

Америка располага со многу мало влијание со кое би можела да го спречи комплетирањето на Северен тек 2 проектот меѓу Русија и Германија, изјавуваат двајца високи функционери од американската администрација, признавајќи ја капитулацијата на повеќегодишните напори за спречување на соработката.

Во Холандија нема „ќе си лежите“

Холандија е чудесен и уникатен пример како сериозно може да се намали затворската популација. Дотаму намалена што слободните затворски места им ги изнајмуваат на други држави. Холанѓаните сфатиле дека строги казни не делуваат кај секого. Ќе одлежи, ќе излезе на слобода и одма ќе направи нова беља. Ако го знаете Орце сељакот, јасно ви е за што зборуваме.

Обама му се пушти на Сандерс

Во еден неодамнешен платен говор Обама ги обвинува белите старци што се борат за претседателска номинација дека „не се тргаат од патот“. Моментално во демократската трка има двајца старци (што имаат шанса), едниот му е другар, другиот е Сандерс.

За климата, без паника

Меѓународен истражувачки тим апелира да се земе малку потрезвен пристап околу иднината на климатските промени. Накратко, да се намали со паниката.