Компанијата на Џеф Безос, Блу ориџин, соопшти дека Воли Фанк ќе биде почесна гостинка во капсулата која треба да полета кон вселената на 20-ти јули. Таа ќе им се придружи на Безос, неговиот брат и победникот на 28 милиони долари вредната хуманитарна аукција кои први ќе ја пробаат ракетата Њу Шепард.
На 82 годишна возраст, Фанк ќе биде најстарото лице кое ќе биде лансирано во вселената. А беше најмладо кога ѝ беше времето, како дел од една женска екипа која ги мина тестовите во раните 60-ти години, но НАСА одби да ги вклучи во мисии и други ангажмани само затоа што се жени.
Воли Фанк ќе го исполни својот животен сон со задоцнување од 60 години но барем на вселената ќе ѝ се придружи како Воли Фанк бидејќи никој не ѝ бара да си го смени името.