Ако платиш 30 милиони долари за нешто, се претпоставува дека тоа е прилично високо на твоите календарски приоритети. Межутоа, лицето кое одвои толкава сум за да лета со Безос, најавил дека го откажува присуството поради „конфликти во обврските“ и дека на 20-ти јули, за кога е закажан летот, има некоја друга работа.
Компанијата која го организира летот, Блу Ориџин, не го открива неговото име но објави дека негова замена ќе биде еден средношколец чиј татко, инаку ЦЕО на една холандска инвеститорска фирма, платил слична сума за да лета детето.
„Цел живот мечтаам за ова,“ рекол 18 годишниот Оливер Даемен.
Во леталото ќе биде и 82 годишната ветеранка Боли Фанк, за што пишувавме во статијата „Вака и Македонија во ЕУ“