Црна дупка загриза густ орев

Астрономите за првпат посведочиле на настан во кој црна дупка голта еден од најгустите објекти во вселаната, неутронска ѕвезда. Залакот траел помалку од една минута и на кратко време ослободил енергија колку цела видлива светлина во Универзумот. 

Се работи за милијарда светлосни години оддалечен настан кој се следи преку гравитациски бранови. Досега астрономите имаат регистрирано судар на две црни дупки и судар на две неутронски ѕвезди но ова е прва средба од ваков вид, кога ѕвездата бива проголтана од дупката.

Нешто подоцна, бил регистриран уште еден таков идентичен случај, на другиот крај од Универзумот.

Неутронските ѕвезди се кадавери од масивни ѕвезди, поточно она што останало откако голема ѕвезда ќе настрада во експлозија на супер-нова. 

„Црна дупка само што имаше фина вечера и само што стана нешто помасивна од претходно,“ сумираше астрономот кој го следел феноменот.

Се работи за вонсериски густ објект: двапати поголема маса од нашето сонце може да се концентрира во објект од само 10 километри.

„“

 

30 јуни 2021 - 12:26