Уште од 1992 година, американскиот департмент за енергија промовираше федерален закон по кој се регулира количината на вода која истекува од тушот, максимирајќи ја на 9,5 литри во минута.
Бидејќи во меѓувреме дојдоа туш комплети со повеќе глави, администрацијата на Обама реши да прецизира дека лимотот се однесува на вкупната количина вода која тие ја трошат.
Трамп беше незадоволен, главно заради неговиот омилен државнички капитал - косата.
„Човек само стои под тушот и ништо не излегува од таму. Што е резултатот? Се тушираш подолго отколку што треба. Не знам за вас, ама мојата коса мора да биде перфектна. Перфектна!“ драматично порача златокосиот укинувајќи ја одредбата на Обама и носејќи им слобода на тушевите кои оттогаш смееја да шприцаат по 9,5 литри во минута секоја туш глава обашка.
Одлуката на Трамп главно беше темелно игногирана од производителите:
„Будалесто е да менуваме правила заради хирови на претседателот,“ изјави своевремено Ендрју деЛаски, од асоцијацијата за стандарди на уредите.
Сега Бајден ја укина таквата широкоградост и во име на заштита на ресурсите, ја враќа на сила старата дефиниција за лимитот на тушевите.