Законот кој деновиве го потпиша Владимир Путин, бара од сите странски производители на пенливи вина, на задната страна на шишето да дадат соодветен опис дека се работи за пенливо вино. Таква обврска немаат руските производители кои и на насловна можат да нудат „шампањско“.
Во моментов, преку 122 држави во светот ги почитуваат фарнцуските свети правила по кои шампањ може да се нарекува само производ кој под строго дефинирани услови е создаден во францускиот регион Шампањ.
Француската шампањ индустрија апелираше до своите членки привремено да ги стопираат сите испораки за Русија додека не се реши како да се тера понатаму. Меѓутоа, Моет Хенеси, францускиот производител кој стои зад божествениот В'в Кико и фамозниот Дом Перињон, најави дека сепак ќе почне на задната етикета да става опис „пенливо вино“ за да се усогласи со новите руски правила.
Ваквиот потег на Путин берзата го регистрираше со извесен пад на акциите на францските производители и пораст на вредноста на акциите на големите руски производители на „шампањско“.
„Се разбира дека мора да ги заштитиме домашните вина но регулативата мора да биде разумна и да не се коси со здравиот памет....Нема никакво сомневање дека оригиналниот шампањ доаѓа од истоимениот француски регион,“ помирливо изјави Павел Титов, претседател на еден голем руски вински производителел.