Родови разлики во емисијата на штетни гасови

Мажите прават повеќе климатски промени од жените. На приближно исто потрошени пари, мажите се еколошки поштетни за околу 16%. А научнички ладнокрвно, најштетно по околината е она едно дете вишок што се има.

Купувањето бензин и дизел за автомобилите ја прават главната разлика. Студијата не навлегла понијансирано во родовите специфики на оваа потрошувачка.

Анализата споредувала сингл мажи и жени во Шведска и утврдила дека храната и одморите се одговорни за повеќе од половината од штетните емисии и кај двата пола.

Ако луѓето се префрлиле од месо на растителна исхрана и ако се решиле на одмор да се одат со воз, наместо со кола или авион, нивната емисија на штетни гасови би се намалила за 40% (кај нас има и дополнителни причини за одење со воз: додека стигнеш до твојата дестинација за летен одмор, ќе начекаш вонсезонски цени). 

И покрај сите усилби за борба против родовите стереотипи, начинот на кој кои жените ги трошат парите е доста стереотипен: жените на украсување по дома, облека и здравје а мажите на бензин, ресторани, алкохол и цигари, потврдува Аника Карлсон Канјама, од истражувачката компанија Еколуп која ја спровела студијата.

Студија од 2017 година утврди дека најголемо влијание кое поединците можат да го имаат во борбата против климатските промени е да се има едно дете помалку, што предничи пред другите „штетни“ фактори како што е возењето кола или летањата со авион.  

21 јули 2021 - 09:02