Разно

Границата што ја крена падот на Берлинскиот ѕид

Меѓу главните проблеми на Украина е воспоставувањето на државна граница со Русија, граница која никогаш претходно во историјата не постоела во оваа форма.

Гугл купува медицински досиеа

Гугл добива пристап до лични медицински податоци за огромен број луѓе, сосе дијагнози, лабораториски резултати и слично. Ќе имаат пристап до досиеа од 2.600 американски боллници. Ниту пациентите ниту лекарите ќе знаат кога нешто нивно влегло во машините на технолошкиот гигант.

Климата се решава во Африка

Меѓународната агенција за енергија го објави овогодинешниот извештај. Пет глобални трендови ја обликуваат иднината на климатските промени. 

Расизам, па што

Расистичките дела понекогаш или секогаш се оправдани, е ставот на повеќе од половина анкетирани Италијанци по серијата расистички и анти-семитски инциденти во земјата.

До морковите било

Исто као нас, Делхи има сериозни проблеми со ужасно загадениот воздух. Исто како нас, Делхи да ти имал и сериозни политичари кои знаат да помогнат со драгоцени совети.

Не бевме подготвени за свет без ѕидови

Три децении после падот на берлинскиот ѕид, светот не е онаков каков се надеваа дека ќе биде оние кои го рушеа. Сега се бараат нови ѕидови; некои на границата со Мексико, некои во своите глави.

Трамп му се намерачил на Гренланд за сериозно

Луѓето од Пентагон и Стејт департманот интензивно работеле што побрзо да ја вратат воената помош на Украина, но никако не можеле да договорат состанок со Трамп затоа што неговите соработници премногу биле зафатени во наоѓање начин како да го купат Гренланд.

Политичките бегалци на Калифорнија

Онаа реплика на Раде Шербеџија во „Трето полувреме“, „Секоја птица лета во своето јато“, се чинеше прецизна за автохтоното балканско/ македонско проклетство за поделеноста на луѓето. Aма, не лези враже, се чини дека има и четврто полувреме.

Германија можеше да биде чиста

Германија досега ќе успееше комплетно да ја декарбонизира својата електрична енергија доколку наместо во обновливите извори, вложуваше во нуклеарки. Сосе сите 45 милиони возила на нејзините патишта.

Лондон секој час добива по еден нов бездомник

Бројот на бездомници во Лондон достигнува рекордни височини. Дневно по 22 нови луѓе од градот немаат каде да преспијат. 

Чичен Ица, тантара пантара

И археолошкиот локалитет Чичен Ица во Мексико e во опасност да го изгуби специјалниот статус од УНЕСКО. Заради тезги со сувенири и дрангулии. Слично како Охрид, 30 години не можат да го решат проблемот.

Калифорнија ќе добива узбуна за земјотрес пред да почне да тресе

Американската сојузна држава на трусниот западен брег лансираше систем за рана детекција на земјотреси и узбуна на населението. Луѓето на мобилен ќе добиваат предупредување 20 секунди пред да почне да дрма.

Турската офанзива ја закопа релевантноста на ЕУ

Запрашан дали импотентноста на ЕУ не е соголена со турскиот упад во Сирија, Макрон отворено признава „и јас го делам вашиот гнев“.

Мајк Помпео, секретарот на Трамп

Откако завршија протоколарните џумбуси, на раат да го скицираме политичкиот профил на актуелниот американски државен секретар кој деновиве ја посети Македонија и ни порача да се чуваме од руски ботови и сомнителни кинески инвестиции. Ние се чуваме од руски ботови со тоа што пишувањата ги темелиме на сериозни, главно западни медиуми а на крајот од истата статија ќе видите кој сега треба да се посипува со пепел што своевремено кукаше дека немаме доволно кинески инвестиции.

Кое право е поголемо: сексуално или верско?

Девојка транзиционира во машко и нејзино право е по ова да биде ословувана во машки род. Професор и верник тврди дека неговата религија му забранува на ученикот да му се обраќа во машки род, и негово право е да продолжи да му се обраќа како што било во оригинал.

Во Хонгконг не е само ќотекот проблем

На видео од немирите група полицајци пакува еден демонстрант додека паралелно го обработуваат со пендреци и боксови. Она што според локалците е најстрашно е делот кога му ја покриваат устата додека овој го извикува сопственото име.

Чеченски одреди на смртта хараат низ Европа

Зелимхан Кангошвили е Чечен кој пред 20 години ја преживува војната (на страната против Русите), преживува бараж од куршуми во Тбилиси во 2015, бега на уште еден атентат во Украина, и на крај завршува во Берлин каде живее од 2016 до пред некоја недела кога тргнува во џамија и по пат завршува мртов со два куршуми во глава.

На упадот во Ареа 51, дојде никој

Како што обично бива со работи организирани на Фејсбук, упадот во Ареа 51 целосно издиша дури полошо и од најконзервативните предвидвуања.

Најстариот тур-оператор на светот се распадна преку ноќ

„Затвораме дуќан.“ соопштија од најстарата патничка компанија во светот, британската Томас Кукс, оставајќи заглавени во странство стотици илјади Британци кои сега некако треба да бидат вратени дома, во најобемната акција за мировна репатријација со која земјата се има соочено. Заглавија вкупно 600.000 луѓе.

Откако се најаде, Етопија почна и да вежба

30 години по оние бенд-ејдови и уса фор африки, на гладниот континент едно време се одржа конференција на тема: Што правиме со дебелите? Етиопскиот одговор е интересен: ако во светот постои еден ден без автомобили, ние да го имаме еднаш месечно.

Ако фудбал се прекинува заради хомофобија, кој ќе му каже на судијата дека е педер?

Првиот човек на француската фудбалска асоцијација објави дека им дал инструкции на судиите повеќе да не ги запираат натпреварите заради хомофобно навивање од трибините, затоа што „хомофобија не е исто што и расизам.“

Трамп ги враќа старите сијалици

Трамп реши да ја повлече регулативата која носеше стандрди за тоа како сијалиците треба да бидат штедливи и енергетско ефикасни. Сè од кое на неговите противници им паѓа мрак на очи за него е добар потег.  

Како животот стана бескрен и ужасен натпревар

Меритократијата е концепт кон кој ние уште немаме тргнато (заради партии, непотизам и другите овдешни богови) а некаде тој веќе на големо ги покажува и своите грди страни.

Цел Амазон да го изгориме, на кислородот нема да му фали ништо

Не, Амазон не се белите дробови на оваа планета, како што бомбастично порача францускиот претседател Емануел Макрон а потоа таа застрашувачка порака се повтори безброј пати во медиумите и социјалните мрежи. Не Амазон, сите растенија на светов да ги спржиме до последната тревка, утредента ќе имаме проблем да најдеме храна но не и да земеме здив.