Македонија им е поблиску од Марс!

Кинеските вакцини во Македонија стигнуваат цели две недели пред нивниот ровер да слета на Марс. Малку ли е? Пуштајте ги тоа чирлидерките, да зовријат од радост социјалните мрежи.

Кина одбра име за својот прв ровер кој ќе шпарта по Марс. Ќе се вика Журонг, по стар кинески бог на сонцето.

Името е одбрано од предлог листа со десет имиња меѓу кои имало Црвениот зајак, Еднорог, и други митолошки херои и термини кои би ја отсликувале мисијата на роверот.

Журонг победил на отворено и јавно гласање а е пасент бидејќи кинеското име за Марс е „Огнена планета“.

240 килограми тешкото возило на соларно напојување е дел од мисијата Танвен-1, лансирана во јули 2020 година а во орбитата на Марс пристигна во февруари годинава.

Роверот со себе носи панорамски и мултиспектрални камери и инструменти за анализирање на составот на карпите и камењата а ќе истражува и нешто подолу, со помош на специјален радар кој пенетрира под површината.

Тачдаунот е планиран за средината на мај а домаќините на средбата засега не планираат посебна прослава по тој повод.

Кај нас, уште мобилизација на треќепозивци да направат:

1 мај 2021 - 09:53