Десеттиот јубилеен извештај на Форумот кој низ дузина прецизни параметри го регистрира напредувањето или назадувањето во транзицијата кон чиста енергија е повод да се погледне и пошироката временска ситуација и да се процени како се одвива трендот за кој речиси консензуално се вели дека е единствен начин да се спаси нормалниот живот на оваа планета.
А планетата и натаму е доминантно фосилна: 86% од енергијата и 88% од глобалните емисии на јаглерод диоксид доаѓаат од согорување на гориво.
Данска, Финска и Велика Британија имаат најдобри перформанси во земјите од топ 10, благодарејќи на стабилната регулатива, диверзификацијата на енергетскиот микс и енергетската ценовна политика.
Земјите со растечки енергетски потреби како Кина, Индија и Суб-Сахарска Африка имаат регистрирано најголеми исчекори но нивниот скор во апсолутни термини останува низок.
Во последната декада, над 70% од државите кои се индексирани имале прогрес, примарно благодарејќи на подобрување на нивото на електрификација. Воочена е глобална потреба од подобрување на електричната мрежа која во услови на екстремни временски услови ја покажува својата ранливост.
Извештајот покажува дека вкупната количина на струја произведена од јаглен е во нагорна линија последниве 10 години што укажува дека допрва претстојат големите битки.
Само 13 од 115 индексирани држави успеале да имаат постојан напредок што е сигнал дека транзитирањето кон чиста енергија се соочува со сериозни проблеми во однос на одржливоста на прогресот.
А тоа дека нас нè нема, тоа е така.