Департментот за јавна безбедност на Тексас реши да ја напушти хипнозата како испрашувачка техника проценувајќи дека сепак се работи за недоверлив метод.
„Департментот во меѓувреме разви поефикасни техники на интервјуа и испрашување,“ соопштија од институцијата во која хипнозата била користена цели 4 децении.
Од 80-тите години до сега, хипноза била извршена во 1.700 случаи. Последната година во 8 случаи од кои три биле убиство. Преку 800 службеници на департментот биле сертифицирани за испрашување сведоци под хипноза, метод чии резултати се забранети за користење во 21 сојузна американска држава.
Студии имаат покажано дека хипнозата ги води сведоците во увереност во своите сеќавања, дури и кога тие сеќавања се лажни.
„Луѓе кои се хипнотизирани се склони да бидат самоуверени при реконструкција на својата меморија што ги води кон уцврстување на лажните сеќавања,“ велат од универзитетот Џон Хопкинс.
Панел од 28 експерти неодамна побараа од Врховниот суд на САД да земе предвид дека хипнозата фаворизира непрецизности и лажна меморија.