Разно

Светот создаден од Путин

Во исто време кога во декември 1989 Германците од Истокот беа собрани пред штабот на Штази во Дрезден, „пријателите“ на Штази од КГБ Дрезден, сместени во блиската вила, франатично се трудеа да запалат што е можно повеќе од својата документација. „Толку многу работи запаливме, што печката експлодира,“ подоцна ќе раскаже еден од КГБ офицерите присутни во вилата, а денес руски претседател, Владимир Путин.

Хероин на соларна, чиста работа

Соларната енергија знае да биде трансформативна технологија за многу индустрии, а еден од најзанимливите примери е областа во која никој не зборува за климатски промени и никој не чека државни субвенции за соларни панели - индустријата на производство на опиум.

Британија се претвора во Источниот блок

Исто како некогаш во земјите од источниот лагер, луѓе на Запад денес се плашат да зборуваат отворено за своите ставови и мислења од страв да не ја нарушат официјалната догма и да бидат јавно жигосани од оние напорните кои доминираат со јавната сцена.

Оние кои го губат јазикот, го губат и здравјето

За цивилизираниот запад кој систематски ги потепа домородните јазици во Австралија (луѓето, башка) сега дојде време да истражуваат како враќањето на старите јазици би можело да помогне во решавање на менталните и социјалните проблеми на тие луѓе со столчени култури и идентитети кои требаше да ги заборават „за подобро утре“. 

И карантинот е масовен убиец

Деновиве беше објавена студија изработена по нарачка на британската влада за краткорочните и долгорочните последици од затворањето и карантините поврзани со пандемијата. Накратко, тие мерки ќе го намалат бројот на жртвите од ковид-19 но ќе додадат свои жртви. Оттука и прашањето, вредеше ли?

Маж ми е експерт за зарази и не, на есен нема да ги пуштиме децата на школо

Колкумина родители се сигурни дека нивните деца во школо навистина ќе држат социјална дистанца, дека ќе седат поголемиот дел од денот со маска, дека нема да се гушкаат или дека после секое „да пукне“ ќе отидат да измијат раце најмалку 20 секунди?

Сега паѓаат и статуи на активисти

Прво падна статуата на човек од 17 век обвинет дека имал робови. Па на негово место дојде статуа на БЛМ активистка. Сега пиедесталот во Бристол повторно е празен откако градскиот совет реши да ја отстрани диво поставената статуа на Јен Реид a уметникот да плати за тоа.

Кање Вест за вакцината: Сакаат да нè чипираат

Не можеш ти лесно да го излажеш братот Кање. Тој наоколу препознава разни знаци на Ѕверот кои нè предупредуваат дека злите сили ќе направат сè за да не можеме утре, задутре, да влеземе во Рајот. Тој исто така лани се отвори дека страда од голема параноја заради својата биполарност. 

ТикТок на глобализацијата

Американската влада ја разгледува можноста да го забрани ТикТок и други кинески апликации. Ако и кинеската влада почне да ги разгледува можностите да ги забрани Фејсбук, Твитер и други американски апликации, ете почеток на крајот на фамозната глобализација, процес со кој се ветуваше рушење на сите бариери меѓу луѓето и државите.

Калифорнија се откажа од еднаквоста пред законот

Ако знаете какво лудило се случува по светот, тогаш препотпоставувате дека вакво откажување од еднаквоста веројатно се прави во име на некои „виши цели“. Елем, време било да се стопираат решенијата за расна недискриминација бидејќи со нив се вршела - расна дискриминација.

Цензура од мулти-милијардери, аплаузи од либерали

Мулти-милијардерски компании бараат од други мулти-милијардерски компании да цензурираат што јавноста може да видиме, прочита или каже на интернет. Бојкотот на Фејсбук покажува колку невесела е иднината на слобдата на говорот на интернет. А Фејсбук е најмалку важен.

Расист на денот: Шахот

Под будното око на глобалната глутница лустратори не помина незабележано црно-белиот расист кој со векови се провлекува неказнет. Ако се прашувате зошто шахот е расистички кога има подеднаков број црни и бели играчи и подеднаков број црни и бели полиња, во најмала рака сте наивни: а кој секогаш почнува прв? 

БЛМ: Треба да падне и белиот Исус

Активистот Шаун Кинг, еден од највлијателните лица во движењето Блек Лајвс Метер, даде „зелено светло“ за рушење на статуи на Исус Христос со објаснување дека начинот на кој тој е претставен е дел од идеологијата на белата супремација.

Од што па сега се грееш, Арктику?

Таман пофаќавме некоја логика и се израдувавме од бројните вести дека заради пандемијата и генералното стишување на човекот, загадувањето е битно намалено и природата се враќа во нормала, ете ти вест дека Арктикот забалежува рекордно високи температури.

Кој ќе профитира од Блек Лајвс Метер?

Прашање кое стандардно треба да се поставува за сите политички движења е - кој ќарува од тоа? За БЛМ допрва ќе се види колку бенефит ќе имаат оние во чие име се прави побуната. Но затоа, уште сега е јасно кој сигурно профитира - оној кому профитот му е во суштината на неговото постоење - капитализмот.

Има ли катетер во авионот?

Летањето нема ич да биде забавно во ерата на ковид. Организацијата за меѓународен авио-сообраќај издаде детални правила, упатства и насоки како треба да изгледа „новата одвратност“ во патничкиот авиопревоз. Меѓу другото, ќе се обесхрабрува муабетење меѓу патниците а се предвидуваат и рестрикции во пристапот до тоалет.

Ако викаш дека не можеш да дишеш, тогаш можеш да дишеш

Гневот на јавноста околу умирањето на приведениот црнец кого полицаец го имаше нагазено на асфалт со колено како да е змија ѕвечарка, се префрли на градоначалникот од Мисисипи кој реши да го брани полицаецот со горенаведениот аргумент. И да се прашува кој ќе сака утре да станува полицаец ако тие страдаат за вакви работи.

Што ако Трамп не лаже?

Многумина веруваат дека Доналд Трамп знае често да каже лага затоа што едноставно е таков - лажго. Но, има една друга, веројатно позагрижувачка можност: дека толку му сече.

Семејството Кашоги им прости на убијците на Џамал Кашоги

Синовите на убиениот (задавен и распарчен) саудиски новинар изјави дека семејство им простува на оние кои учествуваа во убиството на нивниот татко. Ова простување ќе влијае и на казната бидејќи може да биде основа за укинување на смртната казна на петмината осудени за неговата смрт.

Како бре од онолкава наука, за ковид-19 фаца стана доктор Зеленко?

Селски доктор на Јутјуб објавува комбинација со која ги третира своите пациенти со симптоми на ковид-19. Оттука, приказната свртува цел круг. Без никаква поткрепа од науката, трамписти го дочекуваат тоа како пресвртен момент во пандемијата а овие другиве што се демек либерали ги ругаат првине како небањати и глупи. А има и капак на сето тоа.

Како на најбогатата држава на светот ѝ снемаа маски?

Здравствени работници ги перат и по неколку дена по ред ги носат истите маски, вработени во супермаркети со висок ризик на заразување со месеци не добиваат маски, а згора на тоа националните резерви на САД со маски веќе на 1-ви април беа при крај.

Германскиот „Вухан“ носи добри вести

Масовно испитување на луѓето во германското гратче од кое тргна заразата во Германија покажа ниско ниво на општа инфицираност од 15% и уште поважно, ниска стапка на смртност од само 0,37 проценти.

На Англичаните нема кој да им го обере овошјето и зеленчукот

Велика Британија набргу ќе остане без овошје и зеленчук ако итно не организира чартер летови за носење аргати од источна Европа. Тоа не се сити Раша тудеј туку известува Гардијан.

Вирусот низ Европа го прошири монденско скијалиште на Алпите

Австрискиот Ишгл е Мека за богатите скијачи кои сакаат да се журкаат, па последниве години го завикаа „Зимска Ибица“. Откако стана јасно дека токму тоа место е главниот распрснувач на коронавируот во Европа, се открива како со него управувала лакомоста и неодговорноста.