Гламурозната сопруга на познатиот украински тајкун и политичар Игор Котвицки носела речиси 30 милиони долари во кеш преку бегалски граничен премин во ЕУ. Парите - во долари и евра - биле откриени од унгарската царина во багажот на сопругата на контроверзниот екс пратеник.
52 годишниот Котвицки, некогаш најбогатиот пратеник во Украина - тврдеше дека неговата сопруга ја напушта земјата за да се породи, но се сомнева дека таа носела толкави пари.
„Сите мои пари се во украинските банки, не извадив ништо“, рече тој пред да го затвори својот профил на социјалните мрежи.
Сепак, медиуми пишуваат дека против Анастасија Котвицка е подигната тужба заради непријавување на азното.
Разбирливо, Украинците се особено чувствителни околу тоа што нивната елита го прелева своето богатство во странство, во време кога судбината на земјата виси на конец.
За Котвицки се смета дека ги контролира нуклеарните енергетски системи на Украина и наоѓалиштата на ураниум во земјата. Тој важи и за човек со блиски деловни и политички врски со поранешниот министер за внатрешни работи Арсен Аваков.
Јавна тајна е дека украинските тајкуни го пренесуваат богатството надвор од земјата по добро уиграна шема во која вклучените цариници земаат од 3% до 7,% од товарот.