Ќе апси ли Швајцарија луѓе кои греат над 19 степени?

Швајцарија размислува дали да предвиди и затворски казни за оние кои нема да ги почитуваат вонредните енергетски правила за штедење. Паричните се подготвени. На полиција не ѝ е ќеиф ако треба да оди од врата до врата. Ќе се кодошат ли пак луѓе, како во време на пандемијата?

Портпарол на швајцарскиот федерален департмент за финансии обелодени дека се предвидуваат казни од 25 до 2.600 евра за оние кои ќе ги загреваат просториите над максималните 19 целзиусови степени. Казни ќе има и за компаниите кои намерно ќе трошат гас над предвидените квоти.

Деили Меил пишува дека во земјата се размислува и за затворски казни на оваа тема.

Правилата се дека не смее просториите да се потопли од 19 степени, водата да биде максимално 60 степени, забранети се инфрацрвени греалки, а затворените базени и сауните зимава ќе останат ладни.

Висок полициски функционер замоли да се носат само мерки кои можат да бидат спроведени и контролирани и дека тие треба да се спроведуваат со чувство за пропорција, дооавајќи дека не смета дека полицијата треба да оди од врата до врата за да спроведува почитување на мерките.

Тој стравува од повторување на атмосферата од пандемијата кога во Швајцарија се рашири една култура на кодошење и јавно морализирање насочено против поединци кои не се држат до официјалните правила.

8 септември 2022 - 15:18