Главниот проблемот на Калифорнија последниве години е што, слично како Саудиска Арабија или Венецуела, станува жртва на таканаречената „клетва на своите ресурси.“
Според Тил, богатството на технолошкиот сектор стана толку огромно што ја пореметува целокупната политичка економија на Калифорнија.
„Wokeness-от” во Калифорнија ја игра истата улога како вахабизмот во слично погодената Саудска Арабија“, смета Питер Тил. „Се разбира, постои малцинство - можеби 20% - кои вистински веруваат во каузата, но главно се работи да ѝ се терцира на макијавелистичката елита која промовира систем на вредности кој овозможува функционирање на целиот исчашен систем“.
Според милијардерот, проблемот на Демократската партија е што е заробена во калифорнискиот модел - фасцинантно богата и продуктивна олигархија на врвот, бирократија од јавниот сектор во средина и гола сиромаштија зависна од државна помош на дното. Проблем е што тој модел не може да стане национален бидејќи нема до толку пари во технолошкиот сектор за тоа да се оствари на ниво на федерација.
Тој ги предупреди и Републиканците дека се заглавени во чисто „нихилистичко негирање“, без да понудат веродостоен алтернативен модел.
Дури и успешни републикански држави како Тексас или Флорида стануваат мека за шпекулативни бизниси со недвижнини поради што цените на домовите постојано растат. Тоа е сигнал дека ни републикански ведети како Рон Де Сантис или Грег Абот уште не смислиле одржлив модел за просперитет на средната класа, оценува Тил.