Кога на рочиште ќе сфатиш дека адвокатот ти е кретен

Лајавиот Алекс Џонс го репнаа  4,1 милион долари како отштета на родителите на жртвите на пукањето во основното школото Сенди Хук, за кое тој тврдеше дека #НеСеДесило. Нај момент од судењето е кога му ги покажуваа телефонските пораки.

- Од каде ви се моите телефонски пораки?

- Твојот адвокат по грешка ни ги прати.

Пар родители на загинатите деца бараа 150 милиони долари. Можно е и да се тргне кон таа цифра во подоцнежните фази на процесот против Џонс. Неговиот адвокат имаше преглуп контра-предлог, неговиот клиент да плати 8 долари отштета, по еден долар за осумте точки од обвинението.

Фановите на еден Џонс, од најгласните теоретичари на завери, не веруваат дека се работи за случај за обична грешка на адвокатот туку дека тој му е подметнат од државата, како во сталинистички времиња кога дури и бранителите на обвинетите биле против нив.

Но и посаглам адвокат да имаше, веројатно судската одлука ќе беше слична. Пошто, еве ја судијката:

5 август 2022 - 11:45