Обвинителите веројатно имаат добар случај за федерални пријави за проституција против Хантер Бајден, кој според документи, пораки и видеа потрошил 30.000 долари за ескорт услуги во период од пет месеци.
Синот на претседателот пишувал чекови на Украинката Екатерина Морева која му била дилер на девојки а чии трансакции запалиле црвено светло кај банките поради сомнителна активност, откриваат документите.
Извештај за сомнителна активност бил поднесен од ЈПМорган Чејс откако Морева добила десетици илјади долари од компанијата на Хантер. Пораки од Ајфонот на Хантер, прикажуваат чекови кои биле маскирани како медицински услуги од ергелата на Морева, чија веб-страница нуди „искуство со девојка“ со млади проститутки на возраст од 20 години.
Некои од уплатите на Хантер доаѓале само неколку часа откако тој ќе добиел илјадници долари од татко му.
Видеата и сликите покажуваат како Хантер, за да минат развратна ноќ со него, помага во транспортот на тие проститутки преку државните линии, што е федерален прекршок.
***********
Пазете го Гугл на кое дереџе е. Темите за Бајден многу брзо се менувале па решава да не објавува ништо додека не реши што е за објавување:
**********
Види и:
Најголемата дезинформација од претседателските избори во САД излезе точна
Кој работел на отворање био-лаборатории во Украина a се презива Бајден?
Кога е Си-ен-ен во прашање, не се дезинформации, туку се грешки