Варшава наското би можела да извлекува топлина од технолошките процеси кои го следат прочистувањето отпадни води. Наведената топлина потоа би се користела како дополнување во дистрибутивната мрежа со која управува енергетски субјект како и за потребите на водоснабдувањето.
Со таа идеја, водоводната и канализациона компанија од Варшава и управителот на најголемата топлинска мрежа во ЕУ која обезбедува над 80% домаќинства во главниот град на Полска, ќе ги разгледуваат можностите за поврат на топлина во две постројки за прочистување отпадни води. Истото ќе се испитува и во канализационите колектори и другите инсталации на тамошниот водовод и канализација.
Целта е да се започне користење на таа топлина за потребите на градот, односно за централното грееење на вааршавските стамбени и индустриски објекти.
Државата веќе има позитивни економски и еколошки ефекти од сличен проект во едно село близу Познањ.