Преписка Болсонаро - ДиКаприо

Леонардо ДиКаприо пренесе мапа на која се гледа како Амазонија страда од нелегална сеча на шумите последните три години. Бразилскиот претседател му возврати остро: Лео, пак ти? И патем го праша што вика Грета Тимберлејк за јагленот во Европа.

 

Леонардо ДиКаприо:

Колку масовна е сечата на шумите во Амазонија, најважното место на планетава и за луѓето и за дивиот свет. Според мапата на @mapbiomas, регионото преживува масакр од илегална сеча последниве три години:

Жаир Болсонаро:

Лео, пак ти? Ќе ми станеш главен изборен адут. Би можел да се откажеш од својата јахта пред да му попуваш на светот, ама, ве знам јас вас прогресивците: сакате да го промените целиот свет ама никогаш самите себе.

Меѓу нас, бизарно е да се види дечко кој претендира дека ја сака планетата повеќе внимание да обрнува на Бразил отколку на пожарите кои беснеат во Европа и во неговата родна земја. Некој ќе се почуди дали си опседнат со мојата земја (или пак нејзините ресурси), или само веруваш дека Бразил е единствен на светов.

Но, не се секирај, Лео, за разлика од местата кои не сакаш да ги видиш брилијантно глумејќи слеп човек, Бразил е и ќе биде нација која најмногу заштитува. Слободно можеш да си играш со своите холивудски играчки додека ние ја тераме нашата работа.

Вистината е дека за време на моето владеење, сечата на шумите е многу под нивото на она во минатото, кога на власт беше оној кој вие го поддржувавте.

Секој што го напаѓа Бразил и неговиот суверенитет нема врска за што се работи. Таквите, на пример, не знаат дека ние зачувуваме над 80%  од нашата природна вегетација и дека имаме најчиста енергија од сите држави во Г20.

Јасно е и дека не знаеш дека мојата влада објави нова обврска да ја искорени нелегалната сеча до 2028 година, а не до 2030-та, како повеќето земји. Или пак, можеби знаеш, ама, ти одговара да не знаеш.

Ако е до тебе, би било убаво да престанеш да шириш дезинформации. Во скорешно минато, имаше употребено фотографија од 2003-та година за да зборуваш за амазонските пожари во 2019 година.  И беше откриен и ти беше простено. Но, престани со таквите гревови.

Патем, што мислиш за експлозијата на пазарот со јаглен во Европа. Што вика Грета Тимберлејк за тоа, кажува ли нешто? Јас скара во двор да правев, таа ќе ми се дереше: Како си дозволуваш?!

29 јули 2022 - 13:41