Заборавената британска војна за гумата

Фрлање бомби од по два тона, раселување стотици илјади сиромашни селани, концентрациони кампови, брутална пропаганда... Сето ова Велика Британија го викаше „вонредна состојба“ а не војна зашто именувањето на работите е многу важно за исплаќање отштета. Борбата против комунизмот всушност беше борба за профитот од природните богатства на Малезија.

Таканаречената „вонредна состојба“ во Малаја (денешна Малезија) помеѓу 1948 и 1960 година беше британско задушување на востанието на Малајската национална ослободителна армија кои бараа независност од британската империја и заштита на кинеското население во земјата, отприлика 40% од целата популација.

Иако оваа војна никогаш не беше наречена војна (заради осигурителни цаки околу отштета) а беше претставувана како борба против комунизмот за време на Студената војна, главната грижа на Лондон беше заштитата на неговите комерцијални интереси во колонијата, главно гума и калај.

Производството на гума и рударењето калај во Малаја носеле најголеми приходи во Британскиот Комонвелт. Малаја беше ефективно во сопственост на европски, првенствено британски бизниси, со британски капитал зад повеќето големи малајски претпријатија. Од еден британски лорд, Малаја во 1952 година беше опишана како „најголемата материјална награда во Југоисточна Азија“.

„Не знам што би правеле ние без Малаја и нејзината заработкa од калај и гума“, пишува тој.

До 1948 година, Велика Британија промовира нов федерален устав кој ќе ги потврди привилегиите на Малајците а 90% од локалните Кинези остануваат без државјанство. Со земјата би претседавал висок британски комесар кој би бирал извршен и законодавен совет. Кинеските комунисти немаат многу избор освен да се побунат. Тие самите своевремено биле обучувани од Британците кога беа единствените во тој дел од светот кој им пружија активен отпор на јапонските завојувачи.

Но, нивниот бунт/востание значело загрозување на „најголемата материјална награда“ на Британците.

Во 1952 година, Винстон Черчил за висок комесар во Малаја го назначува сер Џералд Темплер, некогашен директор на военото разузнавање.

Темплер објавува:

„Јадрото на вооружените комунисти се фанатици и мора да бидат истребени“.

Се носат тешки бомбардери кои истураат и бомби по два тона врз позициите на бунтовниците. Британија извршува 4.500 воздушни напади во првите пет години од конфликтот. Се вршат брутални злосторства од двете страни. Еден млад британски офицер ќе запише : „Пукавме, убивавме… Сурово, масакр, хорор“.

Еден од најпознатите маскари е во село близу Куала Лумпур кога ладнокрвно се убиваат 24 селани пред селото да се запали. Скотланд Јард подоцна во 70-тите врши истрага но информации од неа не се објавуваат а владата никогаш не дозволи јавна истрага. 

Честа практика станало обезглавување на убиени бунтовници, просто затоа што така било полесно да се идентификуваат отколку да се мкнат цели тела по џунглите.

Послабите на стомак нека ни извинат, ама фотографијата на која кралски маринец држи две глави на малајски востаници, ја виде и британската јавност во 1952 година.

Станува јасна една приватна порака од колонијалниот уред во која ќе биде запишано:

„Нема никакво сомнение дека според меѓународните закони, слични воени ситуации на други места би биле означени како воени злосторства“.

Во 1950-та, Британците започнуваат „програма за социјален развој“: во суштина раселување на 500.000 најсиромашни селани кои номадски живееле на земјишта битни за добивање гума.

„Заедницата на номади би била опкружена во нивните колиби во мугрите, кога сите ќе спијат, ќе ги набутаат во камиони и ќе ги населат во ново село, заградено со бодликава жица со рефлектори околу периферијата за да се спречи движењето ноќе“, така изгледал „социјалниот развој“ спонзориран од Британците.

Во суштина, концентрациони кампови, како што забележува Брајан Лапинг во книгата „Крај на империјата

Клучна британска воена мерка била „колективно казнување“ на села кои ги помагале бунтовниците. Во такви места се воведувал полициски час и до 22 часа дневно: со затворени школи, без автобуски линии и намалени оброци ориз.

Битен елемент била и психолошката војна во која биле искористени сите пропагандни алатки: само во 1949 година Британците дистрибуирале 50 милиони летоци, 4 милиони копии од пропагандни весници а работеле и на радио пропаганда.

Британските власти никогаш не ја опишаа „вонредната состојба“ како војна, бидејќи во тој случај ќе требаше владата, а не приватни осигурителни компании да се бави со надомест на штета на плантажите за гума и рудниците.

Министерот за надворешни работи Роберт Скот во 1950 година признава дека одлуката бунтовниците да се наречат „бандити“ или „терористи“ „првично беше донесена поради осигурителните импликации на зборовите бунтовници, востаници или непријатели“.

Британските функционери педантно избегнуваат термини кои би можеле да сугерираат народен бунт или постоење политичките корени на незадоволството. Во 1952 година, меморандум на Министерството за одбрана регулира бунтовниците кои дотогаш беа нарекувани „бандити“ да бидат означувани како „комунистички терористи“.

Малезија се здобива во независност во 1957 година а за да се скрие бруталноста на војната во Малаја која коинцидира со слични репресии во Кина, британски службеници систематски уништувале официјални документи или одбивале интегрално да ги предадат на Националната архива. 

* Извор: Declassified UK

**************

Види и:

Како Черчил ги издаде грчките партизани и Егејците

Кога ќе видиме филм за Черчил, монструозниот варварин со крв на милиони на своите раце?

18 септември 2022 - 09:09