Жителите на Индијана кои ќе ја искористат понудата на американскиот претседател Џо Бајден за простување на дел од долговите на име студентски кредити, за простениот долг ќе мора да платат данок.
Даночната управа на Индијана потврди дека избришаниот студентски долг ќе се третира како подарок, а на подарок мора да се плати данок од 3,2%.
Ако бришењето на дел од долгот се случи оваа година, данокот ќе мора да се плати веќе на почетокот на 2023-та.
На избришани 10.000 долари, данокот изнесува над 500 долари.
Како е настанат тој долг кој е камен околу врат на милиони Американци, прочитајте во статијата „Како Америка се уплаши од образуван пролетаријат“