Друже Чарлс, ми ти се кунемо

Церемонија за доделување канадско државјанство на голема група луѓе било одложено бидејќи официјалните лица не биле сигурно кому треба да му биде упатена заклетвата, на штотуку починатата кралица Елизабета Втора или на следниот човек на тронот, кралот Чарлс Трети.

Церемонијата за 141 лице кои биле квалификувани да добијат канадско државјанство требало да се одржи откако Бакингемската палата соопшти дека кралицата Елизабета починала мирно Балморал за подоцна, во друго соопштение да биде објаснето дека нов крал по автоматизам станува нејзиниот 73 годишен син Чарлс.

Во тој „интеррегнум“, на државните службеници им текнало дека имаат проблем, кому да му биде упатена заклетвата на новите државјани, на кралицата или на кралот.

Разговарале со секој поединечно и им објасниле заради што е доцнењето, пишува Инсајдер.

На крај било решено лојалноста да биде упатена кон „неговото височество, кралот Чарлс Трети, кралот на Канада.“

Церемонијата завршила со извик: Кралицата е мртва, да живее кралот!

Абе, драми.

 

9 септември 2022 - 10:46