Постојат многу причини кои можат човека да го направат несреќен но Галуп наведува пет значајни причини кои ја подигнуваат глобалната стапка: сиромаштијата, лошите заедници, гладот, осаменоста и немањето пристојна работа.
Две милијарди луѓе живеат со приходи недоволни за живот а уште две милијарди се толку незадоволни од местото во кое живеат што никому не би му го препорачале.
Скриената пандемија на денешниот живот се вика - осаменост. 330 милиони луѓе на планетава минуваат минимум две недели без да скршат некој збор со пријател или фамилија. А и тоа што имаат пријатели, не значи дека имаат добри пријатели. Една петина од сите возрасни признаваат дека немаат ниеден човек на кого би можеле да сметаат за помош.
Мизеријата која се чувствува сè почесто се прелева на улица. Како што глобално расте индексот на несреќни, расте и бројот на протести. Според глобалниот мировен индекс, немири, протести и анти-владини демонстрации бележат пораст од 244% од 2011 до 2019-та година. Во 2020 година во светов се случил 15.000 протести.
Еве ги позитивците:
Еве ги најнесреќните:
Две години на врвот на несреќните беше Либан, сега тоа место им припаѓа на луѓето од Авганистан
Со најмалку стрес се овие земји:
Нас никаде нè нема, извештајот на Галуп го имате тука.