Запорожје се наоѓа на левата страна на Дњепар каде реката е со километри широка, покрај градот Енергодар и е вистински енергетски џин. Секој реактор е со сила од 950 MW, вкупно 5.700 MW, што ја прави најголемата нуклеарна електрана во Европа.
Неодамна таму конечно дојде делегација на Меѓународната агенција за атомска енергија иако претходно Украинците упорно одбиваа доаѓање на инспектори и остро го критикуваа директорот на агенцијата Рафаел Мариано Гроси, со објаснување дека таква мисија би подразбирала дека Запорожје не е украинско.
Од своја страна, Русија го одбива предлогот за создавање демилитаризирана зона, стравувајќи дека тоа Украина ќе го искористи да ја запоседне електраната и да ја користи како штит за напади.
На контролата ѝ претходеа помали инциденти во текот на август, взаемни обвинувања за нападите и многу тешки зборови за смртната опасност за Европа. Руските извори известија за 12 напади и околу 50 проектили кои биле испукани кон руските сили. Украинците тврдеа дека зад нападите стојат Руси.
Името Запорожје кое значи „зад брзаците“ го носи и еден нешто по на север град колку Скопје, а таму се живеело уште од неолит и се работи за исклучително плоден крај. Областа ја населувале Скити, Хуни, Авари, Словени но веројатно најпознато е како област во која од 15от век живеат Козаци, слободни селани кои го бранеле руското царство од кримските Татари а војувале и со полското благородништво. Козаците се важен дел од историјата и традицијата и на двата народа, и на рускиот и на украинскиот.
Помалку познато е дека меѓу градот и реакторите, нуклеарката се граничи со истоимена термо-електрана. Работи на јаглен кој се носи преку реката, но и на нафта и гас, и е енергетски огромна - 3.600 MW. Оџаците ѝ се високи 380 метри.
На трети март, Русите таму стигнаа со два тенка и 10 борбени возила и украинскиот отпор траеше само два час. Имаше пожар, но само во тренажниот центар, без загрозување на некој витален дел.
Руската војска ја зазеде електраната но украинските оператори продолжија да работат во неа. Поинаку не би ни било можно, туку така да се стави свој персонал да ги управува шесте нуклеарни ѕверови.
Наспроти застрашувачките медиумски написи, самите реактори не можат да бидат директно загрозени од експлозии и пукање бидејќи се проектирани да издржат огромни оптоварувања, сеизмички потреси и разорни експлозии. Ранливоста на вакви постројки не е во нивното срце туку во екстремитетите. Сè поголеми и поголеми оштетувања на опкружувањето на реакторите може да доведе до откажување на некој од помошните системи и да дојде до „Фукушима сценарио“ кога системите за ладење откажаа после цунамито.
Реакторите во Запорожје се популарните ВВЕР, односно вода-вода реактори, еден од најголемите и најдосетливи домети на советската нуклеарна техника. Водата се користи истовремено и како модератор и како средство за ладење и се сметаат за исклучително безбедни. Геометријата на овие машинчуги е таква што во нив непречено можат да се уфрлуваат контролни шипки а како и други реактори, залиени се со огромни бетонски оклопи.
Сето ова време, реакторите се или под контрола или се исклучени но сепак постои премногу непредвидливост во целата ситуација.
„Запорожје, на широката рамнина на Дњепар, недалеку од неговото устие во Црно море, навистина е на волшебно место. За жал, токму такво да што и да излезе од него, би стигнало толку далеку колку што далеку стигнале народите кои од овие брегови тргнале да го освојат остатокот од Европа,“ пишува Слободан Бубњевиќ.