Трамп повторно ги критизираше Фокс Њуз дека сериозно застрануваат кон агендата на Демократите и вели дека тоа веќе не е место на кое еден Републиканец се чувствува угодно. Поранешниот претстедател на САД оценува дека за нив новинарите од Фокс секогаш ги имаат најтешките прашања додека гостите од Демократската партија се тинтраат со прашања кои има даваат шанса да се расприкажат како сакаат.
И сега следи понудата за која мислевме дека не е можно да се случи:
„Ако нискотиражниот CNN тргне кон Конзервативците, ќе станат златен рудник а јас лично ќе им помогнам во тоа!“, напиша Трамп.
Не паѓа оваа понуда на сосема неплодна земја. Извесно време се зборува за промени во уредувачката политика на CNN во правец на конзервативците, особено по смената на неколку проминентни демократски гласови меѓу новинарите, како медиумскиот аналитичар Брајан Стелтер и известувачот од Белата куќа, Џон Харвуд, што се доживува како чистка на новиот шеф, Крис Лихт.
„Што тоа се случува со CNN? Тоа е сериозно прашање,“ зачуден е ветеранот Ден Радер.