Offside

Само небото е граница за Мондо Дуплантис, човекот кој е претплатен на златни медали во скок со стап.

Необичната навивачка божиќна традиција

Навивачите на германскиот второлигаш Унион Берлин пред 8 години го спасија клубот со својата крв, пред 4 години сами го реновираа стадионот, а во неделата го преполнија истиот, но не заради фудбалски натпревар, туку за да пеат божиќни песни.

Трилер завршница со триумфален крај на 2012 за МЗТ

Со тројката на Тодор Гечевски на 3 секунди до крајот, МЗТ Скопје го победи босанскиот клуб Широки со 71:72 и ја забележа 9-та победа во АБА лигата за успешен крај на 2012.

Златното момче на Европа - Иско

Франциско Роман Аларкон Суарез, или на кратко Иско од Малага оди по стапките на Руни, Меси, Фабрегас, Агуеро... Тој ја освои наградата „Златно момче" која италијанскиот весник Тутоспорт му ја доделува на најдобриот млад фудбалер во Европа.

Голови на неделата

Повторно уредниците на TVGOLO имале тешка задача да ги изберат 10-те најдобри голови за изминатата недела, а помеѓу нив се мајсториите на Коне, Тарабт, Фалкао, Адриано и Пирло.

Видал ја спаси планетата

Денес требаше да биде крајот на светот, но за среќа Артуро Видал ја спаси планетата со залутаната топка од неговиот промашен пенал при победата на Јувентус над Каљари со 1:3.

Новогодишното издание на Штутгарт

Спортистите не престануваат да не изненадуваат со нивте празнични честитки. По Коларов, Далас Маверикс и Милан, на ред дојдоа и фудбалерите на Штутгарт кои освен со завивањето на Jingle Bells, се истакнаа и со играњето.

За Англичаните нема празник/делник

И додека во повеќето првенства веќе започнаа зимските паузи, а нашата фудбалска лига ја има една од најдолгите во Европа, за Англичаните нема ни празник, ни делник па само за новогодишните празници во рок од 8 денови ќе одиграат 3 кола.

Уште една футсал мајсторија

По Бразилецот Фалкао и Унгарецот Сафар Тони го обиколи светот со својата мајсторија на натпревар од унгарскиот футсал куп.

Со звукот на сирената X3

Кошаркарите од американското средно училиште Глечер од Монтана сигурно тренираат шутирање со звук на сирена. На натпревар од средношколска лига тие три пати погодија во последна секунда (на крај на прва четврина, на крај на последна четвртина за продолженија и на крај на натпревар за победа).

Мајк Тајсон демантира дека станал жена

Исто како што многу наши медиуми се имаат избламирано со измислени "#кромид" вести препишани од сатирични сајтови, така и многу светски медиуми се излажаа со една сатирична статија за Мајк Тајсон, па боксерската легенда мораше да демантира дека го сменил полот.

Тајниот живот на една олимпијка

Американката Сузи Фејвор Хамилтон во својата кариера има три настапи на Олимписките игри, неколку рекорди, безброј медали, сопруг, 7-годишна ќерка, но и таен живот. Таа работи како скапа ескорт дама.

Цибона и стана редовен пациент на МЗТ

Како и на премиерниот натпревар за МЗТ во АБА лигата, кошаркарскиот шампион на Македонија по втор пат го совлада големиот фаворит, екипата на Цибона со 82:76.

Георгиевски со Ајакс, Пандев против Викторија Плзен

По извлекувањето на осминафиналните парови од Лигата на шампиони, во седиштето на УЕФА во Нион беа извлечени и двојките од нокаут фазата на Лига Европа. Стеауа се среќава со Ајакс, а Наполи ќе игра против Викторија Плзен.

Забивање на сезоната?

НБА лига на својот ЈуТјуб канал објави видео со забивањата на Харисон Барнс и Џералд Хендерсон како нивен избор за најдобри забивања во досегашниот тек на сезоната 2012/2013.

Неверојатна коинциденција со извлекувањето во ЛШ

Како и пред секоје извлекување, вчера УЕФА направи проба со ждребката за осминафиналето на Лигата на шампиони. Звучи неверојатно, но на вчерашната проба беа извлечени истите парови како на денешното официјално извлекување.

Реал-Јунајтед и Милан-Барса во осминафиналето

На денешната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион беа извлечени паровите за осминафиналето на Лигата на шампиони. Најинтересни натпревари во нокаут фазата ќе бидат дуелите Реал Мадрид - Манчестер Јунајтед, Милан - Барселона и Арсенал - Баерн.

Во меѓувреме на Балканот

Неизбежен составен дел на секој натпревар на овие простори е локалниот фраер што му дава дополнителен шмек на текот на натпреварот со квалитетно балканско сочно пцуење.

Раштиманите миланези

По Коларов и Далас Маверикс и фудбалерите на Милан успеаа да уништат божиќна песна. Не дека им оди добро во фудбал, ама нека си се држат до таа професија, а пеењето нека го остават на други. Единствено Боатенг може да добие позитивна оценка.

Роналдо го победи Зидан

На пријателски натпревар со хуманитарен карактер помеѓу екипи предводени од две легенди, Роналдо и Зинедин Зидан, победи екипата на Бразилецот со 3:2.

Трилер финиш на натпреварот Задар-Партизан

Кошаркарите на Задар и Партизан го одиграа најинтересниот натпревар во досегашниот тек на АБА лигата со инфарктна завршница во која за 14 секунди се случија три пресврти и беа постигнати девет поени.

Најневеројатните спортски моменти од 2012.

2012-та беше богата спортска година со премногу интересни моменти на терените и околу нив. Ова се 10-те најдобри моменти од 2012-та година кои долго ќе се паметат.

Финалето во 2005.

Во периоди како овој кога баш и не му оди на Ливерпул, нивните навивачи можат да си се расположат со гледање на одличниот краток документарец за финалето на Лигата на шампиони од 2005-та година. Видеово не се препорачува за навивачи на Милан.