Реал Мадрид на реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампиони во стартниот тим на натпреварот против Галатасарај имаше само еден Шпанец. Тоа се случува за прв пат во 111-годишната историја на клубот.
Во старниот состав на пеколниот стадион во Истанбул се најдоа Диего Лопез, Есиен Варан, Пепе, Коентрао, Кедира, Модриќ, Озил, Ди Мариа, Кристијано Роналдо и Игуаин. Од нив само голманот е Шпанец.
Во текот на натпреварот во игра влегоа уште двајца Шпанци - Арбелоа и Албиол и Французинот Бензема.