Тежок реванш за Јуве, Барса без Меси против ПСЖ

По вчерашниот пласман на Реал и Борусија во полуфиналето, елитното натпреварување ќе ги добие и останатите два полуфиналисти. Баерн Минхен во славеничка атмосфера ќе ги брани оние 2:0 од Минхен, а ПСЖ ќе брка изненадување на „Камп Ноу".

Јувентус – Баерн Минхен
-Баерн Минхен на 15 меча во 2013 година има 14 победи и само еден пораз, оној од Арсенал во реванш осминафналниот дуел.
-Баварците изминатиот викенд стигнаа до 23 титула во Бундес лигата со нов постигнат рекорд на 6 кола до крајот на првенството.
-На првиот меч во Минхен, Алаба против Јувентус постигна гол во 25 секунда, а тоа е седмиот најбрз гол во историјата на Лигата на шампионите.
-Победата на Германците претставуваше јубилејна 150-та на европските натпреварувања.
-Голот на германскиот шампион не е совладан 399 минути.
-Јувентус победил на сите досегашни натпревари против германски екипи во четвртфиналето.
-Џиџи Буфон и Леонардо Бонучи се единствени играчи на Јуве кои ги одиграа сите минути оваа сезона во Лигата на шампионите.
-Последниот пласман на „Старата дама" во големата четворка се случи во сезоната 2002/2003 кога во четвртфиналето ја елиминираа Барселона.
-Пред да ја затресе Давид Алба мрежата на првиот меч, Бјанконерите немаа примено гол 490 минути.
-Со тој пораз Јуве ја прекина серија од 18 меча без пораз на меѓународната сцена.

Барселона – ПСЖ
-Барселона нема пораз на Камп Ноу во Лигата на шампионите веќе 20 меча. Последен пат тоа им се случи во октомври 2009 година кога Рубин Казан славеше со 2:1.
-Каталонците имаат 5 победи, едно реми и еден пораз против француските опоненти. Последен пат со екипа од Франција се сретнаа во 2008/2009 кога во осминафиналето го совладаа Лион со 5:2.
-Чави оваа сезона има досега 930 успешни додавања, 411 повеќе од секој играч. 89% од неговите додавања се прецизни.
-Лионел Меси до сега постигна 59 гола во Лигата на шампионите и го брка рекордерот на Раул кој има 71 погодок.
-Барселона оваа сезона има само еден пораз на 24 меча на домашен терен, а тоа е поразот од Реал Мадрид во Копа дел Реј на 26 февруари.
-Карло Анчелоти е вториот тренер по Жозе Мурињо кој играл четвртфинале со четири различни екипи, Милан, Јувентус, Челси и ПСЖ.
-ПСЖ победи на 3 од последните 4 гостувања во Лигата на шампионите.
-Французите никогаш не загубиле два меча во низа од шпански тим.
-Златан Ибрахимовиќ е единственот фудбалер кој постигнал гол за 6 различни екипи во Лигата на шампионите. Тоа се Милан, Ајакс, Барселона, Интер, Јувентус и ПСЖ.
-Сите 19 гола на Парижаните во Лигата на шампионите се постигнати со удари од шеснаесетникот.

10 април 2013 - 11:49