Бруталниот чин се случил во младинската лига во Италија на мечот помеѓу екипите на Офаненгезе и Трескоре, кога на стартот од второто полувреме судијата му дал втор жолт картон на 13 годишниот фудбалер, а малиот му вратил со бокс во лицето.
Фудбалерот на Офаненгезе продолжил да го вреѓа судијата и се обидел повторно да го нападне, но на теренот влетале тренерите и играчите од клупата за резерви за да го смират палавото момче.
Дисциплинската комисија одлучила да го острани од фудбалските терени се до 31 декември 2015 година, а од клубот добил парична казна од 80 евра.