Македонската фудбалска репрезентација по победата над Србија минатата година од рангирањето во ноември беше во постојан подем и константно се искачуваше на ранг листата. На последното рангирање во март, нашата репрезентација се искачи на 73-та позиција, но по двата порази од Белгија во Скопје и Брисел, забележуваме пад од 10 позиции.
Македонската репрезентација во изминатиот месец загуби 46 поени и со вкупно 441 поен сега се наоѓа на 83-та позиција.
Пред нас се Финска, Тринидад и Тобаго и Габон, а зад нас се Ел Салвадор, Конго и Куба.
Од нашата квалификациска група, Хрватска бележи скок од 5 места и се наоѓа на одличното 4-то место, Белгија се наоѓа на 16-та позиција, Србија е 40-та, Велс 49-та, а Шкотска има голем пад од 11 позиции и моментално е на 77-место.