Оваа сезона фудбалскиот клуб Луцерн по 26 одиграни натпревари се наоѓа на само 2 поени над опасната зона за испаѓање и по последната серија од 11 натпревари без победа, раководството реши да му врачи отказ на тренерот Ричард Коморнички.
По кратка потрага за нов тренер, спортскиот директор ја донел својата одлука и решил да го ангажира Рене ван Ек кој во моментов го предводи германскиот второлигаш Алеманија Ахен.
47-годишниот Ван Ек е легенда на Луцерн. Тој има одиграно 240 натпревари за клубот, а по пензионирањето ја презеде и тренерската позиција и во 2003-та година го одведе Луцерн во првата лига.

Но во последен момент се вмешал главниот спонзор Бернард Алпстег кој не дозволил клубот да го ангажира Ван Ек. Причината за оваа негова одлука е несредениот имиџ на тренерот од Холандија.
Наместо него, Луцерн го ангажираше досегашниот тренер на резервниот тим на Базел, Карлос Бернегер кој со сигурност нема да има проблем со фризурата.
