Казагранде кој има 49 години и моментално работи како коментатор на бразилската телевизија „Реде Глобо" кариерата ја започнал во екипата на Коринтијас за која постигнал 102 гола. Но веќе на 19 годишна возраст му пронашле кокаин во неговиот автомoбил.
Храбриот Бразилец одлучи неговиот двоен живот проследен со многу контроверзи да го опише во автобиографијата „Казагранде и неговите ѓаволи" каде јавно признава дека во текот на кариерата земал кокаин, хероин, пушел марихуана, а од алкохол најмногу сакал текила.
Неговата зависнот почнала уште на млади години кога почнал да настапува за Коринтијас, но имало и моменти кога успеал да одолее, додека во Европа примал допинг.
„За време на моето искуство во Порто, Асколи и Торино, немав можност да се дрогирам и да се дружам со чашката, но се сеќавам дека беше задолжително да примаме инекции од кои чувството беше фантастично. Морам да ви признаам дека 20 години играв и руски рулет", сведочи поранешниот бразилски фудбалер.
Казагранде е двократен шампион на Бразил со тимот на Коринтијас, најдобар стрелец во првенството, освојувач на купот на Италија со тимот на Торино, а неговиот најголем успех во кариерата му е европската шампионска титула со Порто во 1987 година.
Откако завршил со играчката кариера, адреналинот од фудбалските натпревари се уште му недостигал, но сето тоа го надополнувал со поголеми дози на дрога од кои почнал да паѓа и во кома.
Но свеста за неговите последици била голема, и откако ги завршил неколку месечните третмани за откажување се вратил во живот, а неговата омилена игра која ја практикувал сега ја анализира со коментари во живо од бразилското првенство.