Кошаркарите на Олимпијакос не одиграа со целиот свој потенцијал, но ја искористија лошата вечер на Анадолу Ефес (1 од 19 за три поени) и поведоа со 1:0 во четвртфиналето од кошаркарската Евролиа.
Гостите од Турција уште од самиот старт најавија дека нема да се предадат во Атина и во почетните минути ја имаа иницијативата, па кошаркарите на Олимпијакос за прв пат дојдоа до водство на 2 минути до крајот на првата четвртина.
Во вториот период домаќините успеаа да се одвојат на +9 (32:23), но кошаркарите на Ефес повторно се вратија во игра и на полувремето Олимпијакос имаше минимална предност од 33:32.
Израмнетата игра продолжи и во третата четвртина, а во последниот период Олимпијакос влезе со предност од 50:46.
Во овој период Олимпијакос не успеваше да направи поголема предност, а на +7 се одвои дури на 95 секунди пред финишот, а на крајот триумфираа со 67:62.
Најдобар на паркетот и единствен кој имаше двоцифрен број на поени кај домашната екипа беше Принтезис кој постигна 26 поени. Перо Антиќ одигра 12 минути со повеќе дефанзивни задачи и учествуваше со само 1 скок.
Четвртфиналниот натпревари се играат до 3 победи, а следниот дуел на кој Олимпијакос повторно ќе го нагости Анадолу Ефес ќе се одигра на 12 април.
И на останатите дуели домаќините ја искористија предноста на домашниот терен:
ЕВРОЛИГА - 1/4-финале:
ЦСКА Москва - Каха Лаборал 89:78
Олимпијакос - Анадолу Ефес 67:62
Реал Мадрид - Макаби Тел Авив 79:53
Барселона - Панатинаикос 72:70