Евролигашките клубови имаат интересни администратори на Твитер. Прво Белграѓаните им пуштиле неколку зборови тешки за изговор, а сега Турците од Анадолу Ефес ги предизвикуваат. Во рамките на 17. коло Анадолу Ефес и Црвена звезда на Перо Антиќ играат во петок од 18:30.
Трофејниот српски тренер тешко го поднесе вчерашниот пораз на неговиот Анадолу Ефес од Реал Мадрид. Турците се држеа во првото полувреме, но во вториот целосно паднаа во играта, по што Дуда ја тресна таблата за цртање од паркетот за да ги разбуди.
На Европското кошаркарско првенство за играчи до 20 години кое заврши вчера ние не игравме, но таму имаше наше дете кое ја претставуваше Турција со која го освои првенството и беше прогласен за најдобар играч.
Кошаркарите на Олимпијакос имаа водство во текот на целиот натпревар и меч топка во своите раце, но во финишот му ја препуштија победата на Анадолу Ефес со што за пласман во фајнал-фор ќе одлучи последниот натпревар во Атина.
Бранителот на титулата во Евролигата не успеа да слави во третиот четвртфинален дуел и уште вечерва да избори пласман во фајнлфорот кој се игра во Лондон. Со постојано водство кошаркарите на Анадолус Ефес заслужено триумфираа со 83:72 и се изборија за четврти меч.
На првиот четвртфинален натпревар помеѓу Олимпијакос и Анадолу Ефес, актуелниот европски шампион чиј член е Перо Антиќ по тврд и неизвесен натпревар со помош на маестралниот Принтезис славеше со 67:62.
Челниците на Анадолу Ефес сакале да снимат нова реклама за клубот во која главната улога ќе ја имаат нивните кошаркари. Тоа и го сториле, но без нивно знаење.