Анадолу Ефес успеа да ја израмни серијата на 2:2 по што актуелниот европски шампион чиј член е нашиот Перо Антиќ ќе мора да брка победа на последниот натпревар на домашен терен.
Гостите од Грција беа подобри од самиот старт и веќе по првата четвртина водеа со 12:20.
Во продолжението кошаркарите на Ефес се обидоа да се вратат во игра, но Олимпијакос со одлична реализација за 3 поени (9/15) и предводени од Папаниколау со 14 поени, на полувремето заминаа со предност од 38:44.
Но домаќините секако не се предадоа и притиснаа во второто полувреме. До крајот на третата четвртина Ефес стигна до 56:58, а на стартот од последниот дел тие и поведоа (62:58).
Сепак кошаркарите на Олимпијакос се вратија во игра и со одлична серија се вратија во водство од 62:68.
На минута до крајот Олимпијакос имаше 66:73, но Фармар со 6 поени во серија намали на 72:73, а Турците имаа и напад на 18 секунди до крајот. Нападот во последните 2 секунди го искористи Лукас за конечни 74:73 и израмнување на плеј-оф серијата на 2:2.
Перо Антиќ немаше своја вечер и не постигна ниту еден поен, а оствари само 2 скока и 1 асистенција.