Составот на скопјанецот Октај Махмути уште на стартот на мечот покажа дека и покрај првите два загубени натпревари, нема намера предвреме да се откаже од битката за фајнлфорот. Домаќините преку расположениот Душко Савановиќ поведоа со 4:0 и по првата четвртина имаа од водство од 19:17.
Кошаркарите на Анадолу Ефес продолжија во ист стил и во вториот период и постојано имаа тесна предност. Шутот на актуениот европски шампион не му одеше во последните 5 минути од првото полувреме во кое домаќините направија серија од 10:1 и на пауза заминаа со водство од 37:29.
Слично како воведните минути од мечот, наликуваше и стартот на третата четвртина во која Турците направија серија од 5:0, но тоа значеше и доста солидно водство од 13 коша разлика. Кошаркарите на Олимпијакос немаа сили да се вратат резултатски во игра и постојано имаа негатива од двоцифрен број на поени кој во еден момент изнесуваше 19 поени.
Во последната четвртина со оглед на постојаното високо водство, домаќините си дозволија и мало опуштање. Олимпијакос успеа да стигне до негатива од 9 поени разлика, а на нешто повеќе од 3 минути до крајот резултатот беше 71:64.
Но гостите како да подзастанаа, Фармар Џордан постигна тројка на една минута до крајот, негова трета на мечот и со тоа завршија надежите за гостинските кошаркари.
Нашиот репрезентативец Перо Антиќ оствари учинок од 5 поени и 3 скока.