Чуварот на мрежата на романскиот клуб Стеауа од Букурешт и соиграч на нашиот репрезентативец Даниел Георгиевски, го пропуштил последниот натпревар, а официјалното соопштение од клубот било дека тој имал мала сообраќајна несреќа.
Меѓутоа неколку денови по натпреварот, медиумите од Романија ја дознаа вистинската причина. Станка бил нападнат од 5 хулигани на Рапид кои му скршиле прст од раката и му нанеле уште неколку лесни повреди. Се очекува тој да биде надвор од терениот во следниот месец.