Њукасл, Рубин и Лацио ќе бркаат негатива од два гола

Лигата на Европа вечерва ќе ги добие четирите екипи кои ќе ги оформат полуфиналените двојки. Со солидна преднот од првите дуели влегуваат три екипи, додека во Швајцарија се очекува да се одигра најинтересната и најнеизвесната битка по оние 2:2 во Лондон.

Рубин Казан – Челси
-Тимот на Челси триумфираше на сите претходни 5 дуели против руски екипи, примајќи само 2 гола.
-Џон Тери ќе го одбележи јубилениот 100 настап на европските натпреварувања доколку настапи во Москва.
-Русите го елиминираа актуелниот првак во Лига Еврропа, Атлетико Мадрид во 16 финалето, а со 2:0 имаат можност да го елиминираат и актуелниот европскиот шампион.
-Рафа Бенитез има 135 натпревари како тренер на меѓународната сцена, повеќе од сите кои се моментално во четвртфиналето.
-Тој заедно со Вилаш Боаш се единствените тренери во оваа нокаут фаза кој го подигнале претходно овој пехар.

Базел – Тотенхем
-Овие две екипите се единствените од сите 8 кои директно обезбедија пласман во фазата по групи во Лигата на Европа.
-Голманот на Тотенхем е моментално највозрасниот играч во четвртфиналето со 41 година. Тој е постар и од двајцата тренери Вилаш Боаш и Мурат Јакин.
-Вертонген е единствениот фудбалер на англискиот состав кој ги одиграл сите досегашани 1020 минути оваа сезона.
-Тотенхем нема победа сезонава во ниту едно натпреварување без Герет Бејл во составот.
-Екипата на Базел од ноември минатата година има само еден пораз, оној од Зенит во осминафиналето од ова натпреварување.
-Швајцарскиот шампион победил на сите претходни 4 дуели во Лигата на Европа без примен гол.

Њукасл – Бенфика
-Папис Сисе оваа сезона постигна 4 гола на одиграните 90 минути во Лигата на Европа.
-Њукасл нема пораз на последни 13 натпреварувања во Европа уште од 2005 година. Нивниот скор е 9 победи и 4 порази.
-Последните 5 четвртфиналиња на Бенфика против англиски екипи завршиле со елиминација.
-Најдобриот стрелец во редовите на Бенфика е Оскар Кардозо со 28 гола, од кои 6 ги постигна во Лигата на Европа.
-Бенфика и Челси се единствените 2 екипи во четвртфиналето кои ги продолжија натпреварите во ова натпреварување откако беа елиминирани во Лигата на Шампионите.

Лацио – Фенербахче
-Екипата од Рим последниот пласман во полуфиналето од тогашниот Куп на Уефа го обезбеди преку Бешикташ пред точно 10 години.
-Либор Козак моментално е најдобар стрелец во Лигата на Европа со 8 гола на 9 настапи.
-Само два клуба успеале да обезбедат пласман во следната фаза од ова натпреварување, откако на првиот дуел имале негатива од 2:0. Фулам против Јувентус (1:3, 4:1) во сезоната 2009/2010 и Стеауа Букурешт против Ајакс оваа сезона во 16 финалето (0:2, 2:0, 4:2 на пенали).
-Фенербахче нема пораз на последните 4 средби во Лигата на Европа, а немаат ниту примено гол.
-Трускиот преставник ниту еднаш во својата историја не се пласирал во полуфинале на едно европско натпреварување. До четврфтиналето стигнал во Купот на куповите на победниците (1963/1964) и во Лигата на шампионите (2007/2008).

11 април 2013 - 13:42