Базел-Челси и Фенер-Бенфика за финалето во ЛЕ

На извлекувањето во Нион беа одредени двојките од полуфиналето на Лига Европа каде ќе се сретнат Фенербахче-Бенфика и Базел-Челси.

Во полуфиналето на второто по ранг европско клупско натпреварување се пласираа четири екипи од четири различни земји, а Руд ван Нистелрој ги извлече двојките:

Фенербахче - Бенфика
Базел - Челси

Првите натпревари ќе се одиграат на 25 април, а реваншите се закажани за 2 мај. Финалето на Лига Европа ќе се одржи во Амстердам на 15 мај.

12 април 2013 - 12:16