Offside

Само небото е граница за Мондо Дуплантис, човекот кој е претплатен на златни медали во скок со стап.

Финалето во 2005.

Во периоди како овој кога баш и не му оди на Ливерпул, нивните навивачи можат да си се расположат со гледање на одличниот краток документарец за финалето на Лигата на шампиони од 2005-та година. Видеово не се препорачува за навивачи на Милан.

Фергусон ги откри тајните пред студентите од Харвард

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон го посети Харвард Универзитетот во Бостон каде пред студентите откри дел од тајните на неговиот успех во менаџирањето на тимот.

Македонија ја завршува 2012 на 81. позиција

На последното рангирање на ФИФА за 2012-та година, фудбалската репрезентација на Македонија забележа напредок за две места и ја заврши годината на 81-та позиција.

Златното срце на Лохти

Рајан Лохти поседува 11 олимписки медали, четири светски рекорди и едно огромно срце, а тоа уште еднаш го докажа на Светското првенство за пливање во кратки базени кое се одржуваше во Истанбул.

Спектакуларно футсал голчиште

Еден од најдобрите футсал играчи на сите времиња, 35 годишниот Фалкао на егзибициски меч во Бразил го постигна најверојатно најдобриот гол виден на футсал терените.

Паласио одличен помеѓу стативите

Со победата од 2:0 над Верона, екипата на Интер обезбеди пласман во четвтфиналето на италијанскиот куп, но тренерот Страмачано беше на маки кога на десетина минути пред крајот се повреди голманот Кастелаци и заради претходно извршени 3 измени на голот се најде напаѓачот Родриго Паласио. Сепак Аргентинецот одлично се снајде помеѓу стативите.

Јувентус доминира само против слаби клубови

Актуелниот првак на Италија и оваа сезона е на лидерската позиција во Серија А, но за разлика од минатата сезона кога го освоија Скудетото без ниту еден пораз, сега победуваат само против слабите тимови.

Боксот во 2012

HBO боксинг каналот направи ретроспектива на најдобрите нокаути, битки и моменти од светот на боксот во 2012-та година.

Суеверниот Манчини забрани виолетова боја

Италијаните се премногу суеверни луѓе. На стадионот на Каљари нема седиште со број 17, а тренерот на Манчестер Сити, Роберто Манчини по серијата лоши резултати им забрани на своите фудбалери да носат виолетова боја.

Батум со 5x5 учинок

Во историјата на НБА лигата само 8 кошаркари успеале на натпревар да имаат учинок од барем 5 поени, скокови, асистенции, украдени топки и блокади. Последниот на кој тоа му успеа е Николас Батум од Портланд на натпреварот против Хорнетс.

ММА кошарка

Легендата на ММА, Мирко „Кро Коп" Филиповиќ, пред да стане ММА борец бил кикбоксер, специјалец во хрватската полиција, едно време беше и парламентарец, а сега измисли и нов спорт - ММА кошарка.

Грифин од табла

ЛА Клиперс го совладаа Детроит и ја забележаа 10-та победа во серија, а неизоставен дел во нивните победи се и атракциите на Блејк Грифин како ова забивање по асистенција од табла од страна на Мет Барнс.

Мажите не можат без резултати во живо

Дали некогаш понежната половина ви замерила што проверувате резултати во живо од спортски натпревари додека сте излезени со неа или па тоа сте го правеле и на вашата свадба? Добродојдовте во клубот.

Најпопуларните НБА видеа на ЈуТјуб

ЈуТјуб каналот на НБА лигата ја премина границата од 1 милијарда прегледи. Одбележувајќи ја доминацијата на интернет, НБА објави компилација од нивните најпопуларни видеа.

Забрането палење противнички навивачи

Англичаните си мислат дека ги решија проблемите со хулиганите на стадионите уште со мерките на Тачер, но секоја недела сме сведоци на нови инциденти. Некои влегуваат во терен, на некои стадиони фрлаат со предмети, а навивачите на Олдам им ги палат косите на гостите.

Лопатарска посвета за навивачите

Натпреварот од холандското првенство помеѓу Венло и Витезе минатата недела беше под знак прашалник заради лошите временски услови, но домашните навивачи не сакаа да го пропуштат натпреварот, па ги грабнаа лопатите и го исчистија сногот од теренот. Фудбалерите на Венло знаеа како да се оддолжат, па прославата на еден од головите при победата од 3:1 им ја посветија на своите навивачи.

„Мурињо те сакаме, Мурињо остани“

Не, ова не се зборови на фудбалерите на Реал Мадрид, ниту на навивачите на кралскиот клуб. Тоа е скандирање од типот сеир кое можеше да се слушне на вчерашниот натпревар помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид од страна на навивачите на Барса.

Ножичките на Коне против Наполи

Гркот роден во Албанија, Панајотис Коне постигна прекрасен гол за Болоња при изненадувачкиот пресврт по кој неговиот тим славеше со 2:3 на гостувањето кај Наполи.

Ибра си гази

Златан Ибрахимовиќ не само што „гази" во француското првенство со 17 гола на 14 натпревари, тој гази и во вистинска смисла на зборот. Негова последна жртва беше Хрватот Дејан Ловрен на дербито против Лион кој ПСЖ го доби со 1:0.

Можеше и полошо

Бразилскиот голман Иванилдо кој брани во катарското првенство го изведе еден од најлошите слободни удари виден на фудбалските терени. Сепак можеше да биде и полошо, односно не си постигна автогол.

Француски гол на годината

Марко Естрада од екипата на Монпеље на натпреварот против Бастија постигна голчиште од 32 метри кој сигурно влегува во конкуренција за гол на сезоната во француското првенство.

Црногорките станаа европски шампионки

По голема драма и две продолженија, женската репрезентација на Црна Гора ја победи Норвешка со 34:31 во финалето на Европското ракометно првенство во Србија.