Четвртолигаш има повеќе публика од Ливерпул, Челси, Милан...

Новиот германски шампион, Баерн Минхен на секој натпревар исполнува 100% од капацитетот на својот стадион, но не е најгледан тим во Европа. На листата на најгледани екипи е и четвртолигашот Глазгов Ренџерс чии натпревари имаат повеќе публика од многу европски гиганти.

Минатогодишниот освојувач на германската Бундеслига, Борусија Дортмунд е најгледана екипа во Европа. Нивниот стадион со капацитет за 80.645 гледачи во просек е исполнет по 99,76% односно на нивните натпревари просечно одат по 80.451 гледач.

На втората позиција со 75.527 гледачи, односно со 99,10% просечна исполнетост на Олд Трафорд е Манчестер Јунајтед.

Зад нив се шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид. Камп Ноу во просек е исполнет 74,52%, односно натпреварите на Барселона ги следат 73.615 гледачи, а натпреварите на Реал Мадрид во просек ги следат 72.118 гледачи, односно нивниот стадион е исполнет 89.97%.

Единствен фудбалски клуб со стадион од над 50.000 гледачи чии домашни натпревари се секогаш распродадени е Баерн Минхен, но заради капацитетот (71.000) тие се на 5-та позиција на најпосетуваните клубови во Европа.

На 16-та позиција на најгледани клубови е и еден четвртолигаш. Тоа е Глазгов Ренџерс чии натпревари во просек ги следат по 45.928 гледачи, односно стадионот им е исполнет 90,86%.

Не само што Ренџерс имаат повеќе публика од шкотскиот прволигаш Селтик, туку нивните натпревари ги следат повеќе гледачи од оние на Ливерпул (44.695), ПСЖ (42.885), Атлетико Мадрид (42.607), Челси (41.409), Милан (40.906), Вердер (40.290)...

Најгледани клубови во Европа:

1. Борусија Дортмунд - 80.451 гледачи по натпревар
2. Манчестер Јунајтед - 75.527
3. Барселона - 73.615
4. Реал Мадрид - 72.118
5. Баерн Минхен - 71.000
6. Шалке - 61.068
7. Арсенал - 60.077
8. Хамбург - 52.494
9. Ајакс - 50.194
10. Њукасл - 50.061
...

10 април 2013 - 10:00