Offside

Само небото е граница за Мондо Дуплантис, човекот кој е претплатен на златни медали во скок со стап.

Коринтијанс преку Челси до светскиот трон

Бразилскиот Коринтијанс е новиот светски шампион откако во финалето на Светското клупско фудбалско првенство минимално го совлада актуелниот европски шапион Челси.

Тесна победа на МЗТ против Крка

Кошаркарите на МЗТ прославија тешка, но важна победа за комплетирање на првиот дел од сезоната во АБА лигата. Во „Борис Трајковски" совладана беше и словенечка Крка со 92:88.

Салфетката која ја промени историјата на фудбалот

На 14 декемви во 2000-та година на салфетка од ресторан на тениски клуб еден фудбалски клуб потпиша договор со 13-годишно дете. 12 години подоцна тоа дете е најдобриот фудбалер на планетата.

Голови на неделата

Уживајте во изборот на TVGOLO за најдобрите 10 голови од изминатата недела.

Резервите покажаа зошто се резерви

Комбинираниот состав на репрезентацијата на Македонија главно составена од фудбалери од домашното првенство заслужено загуби од Полска со 4:1.

Канаваро и Грава ќе бидат казнети за премолчена местенка

Наполи чиј член е Горан Пандев најверојатно ќе остане со 2 поени помалку, а Канаваро и Грава ќе бидат суспендирани на 6 месеци затоа што одбиле да наместат натпревар, но не пријавиле на надлежните.

Германската полиција ќе претресува голи навивачи

На седница на која присуствуваа претставници на 36 клубови од германската прва и втора лига, со мнозинство гласови е прифатен новиот концепт со ригорозни закони за подобрување на безбедноста на стадионите.

Меси прогласен за фудбалер на годината

Лионел Меси го доби признанието за најдобар фудбалер на годината во изборот на World Soccer магазинот кои по 30-ти јубилеен пат ја доделија најстарата фудбалски награда.

Маверикс ја уништија новогодишната песна

Секоја година НБА тимовите им праќаат празнични честитки на своите фанови, но Даласа Маверикс го одбраа погрешниот начин. Исто како и честитката на Коларов и кошаркарите на Далас имаа неуспешен обид да испеат празнична песничка.

Уапсени 11 бугарски фудбалери за местење

Бугарската полиција уапси 13 луѓе, од кои 11 се фудбалери. Уапсените се членови на Черноморец и градскиот ривал од Бургас, екипата на Нефтохимик под сомнение дека учествувале во местење на натпревари.

Суровоста на спортот

Откако минатата недела рагбистот Џован Белчер ја уби девојка му, а потоа се самоуби, истражувачите од Универзитетот во Бостон го објавија податокот дека кај 97% од испитаните поранешни играчи во НФЛ било пронајдено сериозно оштетување на мозокот.

Вака НЕ се положува

Обидот за поентирање на Ламар Одом од Клиперс на натпреварот против Далас е школски пример затоа како НЕ треба да се положува.

Челси против Коринтијанс во финалето на СКП

Актуелниот европски шампион со победата над Монтереј од 3:1 се пласираше во финалето на Светското клупско првенство каде ќе се сретне со Коринтијанс, освојувачот на ова натпреварување од 2000-та година.

5 кошаркарски моменти на 2012

ФИБА Европа објави видео со највозбудливите 5 моменти кои ја одбележаа европската кошарка во 2012-та година.

Банана од судијата

Предраматичниот судија не сакаше да му дозволи на Крис Хамфрис од Бруклин Нетс да го изведе слободното фрлање додека се правеа измени, па реши да го блокира.

Неславен крај на Копа Судамерикана

Финалето на второто по ранг клупско натпреварување во Јужна Америка траеше само едно полувреме откако на полувремето од натпреварот помеѓу Сао Паоло и Тигре била нападната аргентинската екипа и тие не излегоа на теренот по паузата.

Дури и Зико има дадено повеќе голови од Меси

Уште не стивнаа реакциите од целиот свет за рекордниот број на голови на Меси во една календарска година, а овој рекорд веднаш беше оспорен од Замбијците, но сега и Бразилците тврдат дека Зико има дадено повеќе голови.

Македонец дел од бугарскиот феномен

Шампионот на полусезоната во бугарското првенство, екипата на Лудогорец, минатата сезона стана само вториот тим во светот кој во првата година по влегувањето од втора лига ја освои тројната круна. Веќе 2 години дел од бугарскиот феномен е кондициониот тренер Иван Јовановски.

Несудениот олимпиец стана најбрз рагбист

Сонот на Карлин Ајлс е да учествува на Олимписки игри, но тој не успеа да се квалификува во спринтерскиот тим на САД за Олимпијадата во Лондон и реши да го смени спортот, па стана најбрзиот рагбист.

Меси доби тајванска анимација

За секое поважно случување на планетава постои и тајванска анимација, па така дојде редот Тајванците да направат и урнебесна анимација за рекордот на Лионел Меси.

Двојниот цепелин на Клиперс

Клиперс славеа на гостувањето кај Чикаго Булс со 89:94, а свое шоу со 22 поени и 10 скокови имаше Блејк Грифин. Дел од ова шоу беше и двојниот цепелин со Џамал Крофорд.

Сваровски копачките на Аубамејанг

Пјер-Емерик Аубамејанг од Сент Етјен пред натпреварот со Лион се загреваше со копачки со 4.000 Сваровски кристали.