Гостите од Русија уште од самиот старт најавија дека нема лесно да се предадат во оваа битка и во поголем дел од првата четвртина беа во предност.
Кошаркарите на Олимпијакос ја презедоа контролата во втората четвртина и на моменти дури водеа и со +15 (45:30), но со серија од 8:0, Химки на полувремето намали на 45:38.
Домаќините ја одржуваа предноста и во второто полувреме, но Химки на стартот од последната четвртина намали на -1, но тоа беше се што тие сторија.
Олимпијакос на крајот триумфираше со 79:70 и избори пласман во четвртфиналето на кошаркарската Евролига.
Најдобар на паркетот беше Папаниколау кој биеше 6/6 за 3 и постигна вкупно 21 поен, а Перо Антиќ одигра 12 минути за кои имаше учинок од 2 поени и 4 скокови.
По денешните натпревари, познати се и сите четвртфинални двојки. Екипата на Олимпијакос за пласман на фајналфор турнирот ќе се бори со Анадолу Ефес. Четвртфиналните натпревари ќе се играат на 3 победи од 9 до 25 април, а завршницата на Евролигата ќе се одигра во Лондон од 10 до 12 мај.