Европскиот шампион домаќин на Рубин, Лацио гостува во Турција

Иако Англија нема ниту еден претставник во ЛШ, дури 3 екипи од островот останаа во игра за освојувањето на пехарот во второто по ранг клупско европско натпреварување. Ова се најинтересните факти за четвртфиналните битки.

Челси – Рубин Казан

-Овие две екипи до сега не се сретнале ниту еднаш во европските натпреварувања.
-Челси победи на сите 4 претходни дуели против руски екипи и прими само еден гол.
-Англичаните немаат пораз на 11 меѓународни натпревари на „Стемфорд бриџ"
-Рубин Казан игра за прв пат четврфинале на европската сцена, а минатата година беше на гости во Лондон кај тимот на Тотенхем и загуби со 1:0.
-Рускиот состав нема пораз на последните 5 гостувања во Европа.

Тотенхем – Базел

 -Овие две екипи до сега не се сретнале ниту еднаш во европските натпреварувања.
-Единствениот пораз на Тотенхем на последните 11 меча на европската сцена е оној од Интер во осминафиналето од 4:1.
-Кајл Вокер и Јан Вертонген ги одиграа сите 930 минути во Лигата на Европа.
-Екипата на Базел заработи вкупно 23 жолти и 3 црвени картони оваа сезона, повеќе од сите други тимови.
-Александар Фреј до сега во својата кариера има постигнато 32 гола во Лигата на Европа, повеќе од сите кои играчи кои останаа во четвртфиналето.

Бенфика - Њукасл

-Тимот на Бенфика нема пораз во Лигата на Европа од декември 2008 година кога беше поразен од Металист.
-Португалците сезонава имаа фантастичен напад со вкупно 102 постигнати голови на сите натпреварувања.
-На последните 5 четвртфинални дуели со англиски екипи екипата на Бенфика била елиминирана.
-Екипата на Њукасл нема примено гол во ова натпреварување на последните 4 средби.

Фенербахче - Лацио

-Овие две екипи до сега не се сретнале ниту еднаш во европските натпреварувања.
-Фенербахче има лоша традиција против италијанските екипи со само 3 победи и 10 порази.
-Турскиот претставник победи на двете последни средби против екипа од Италија без да прими гол.
-Последното четвртфинале на Лацио во тогашниот Куп на Уефа беше пред точно 10 години токму против турска екипа. Римјаните во тоа соочување го елиминраа тимот на Бешикташ.
-Владмир Петковиќ како тренер на Јанг Бојс го елиминраше Фенербахче во третата кфалификациска рунда од Лигата на шампионите во сезоната 2010/2011.
-Напаѓачот на Лацио Либор Козак во моментов е најдобар стрелец сезонава во Лигата на Европа со 8 постигнати гола.

4 април 2013 - 12:14