Новите планови на бандата која беше дел од скандалот „Калчоскомесе" ги открива фудбалерот на Кремонезе, Карло Гервасони кој инаку е дисквалификуван од фудбалот во наредните 7 години.
Според пишувањата на италијанскиот весник „Република" за деталите околу оваа идеја, Гервасони зборувал во осумчасовното соочување очи во очи со поранешниот српски фудбалер Алмер Гегиќ кој се наоѓа во притвор околу 4 месеци.
Плановите за кои тврди Гервасони, биле местенките да се одвиваат со екипата на Лацио на натпреварите од Лигата на Европа преку фудбалерот Стефано Маури за кој обвинителот на Кремона, Роберто Ди Мартино веќе изјави дека поседува докази за негова вмешаноста во местенки од Серија А.
При апсењето на Гегиќ италијанските власти пишуваа дека е во тесна врска со македонскиот државјанин Христијан Илиевски кој е еден од главните осомничени во Италија и кој го сметаа за лидер на групата од Балканот. Неговото име се споменува и во овој неостварен план на местачите, кој не се реализирал поради откривањето на аферата.
Според зборовите на истражниот судија Гвидо Салвини во „Република", Гервасони открил многу детали за плановите како трабало да се местат натпреварите во Лигата на Европа и од тој 8 часовен разговор судот напишал 27 страници текст.
Гегиќ кој на претходното сослушување откри за колку пари може да се намести натпревар во италијанското првенство, овој пат бил позатворен и ги негирал тврдењата на Гервасони.
Во операцијата „Ласт бет" во која која до сега беа уапсени над 50 лица осомничени за местење натпревари, се уште се бараат сите учесници кои работеле за криминалната мрежа предводена од Сингапурскиот бос Дан Таг.
Последниот уапсен од поранешните југословенски простори е словенецот Адмир Сулиќ, а Христијан Илиевски се уште е во бегство.